Здружението за Церебрална парализа од Тетово, во соработка со регионалната телевизија „Кисс“ ја објави првата епизода од серијалот „Зборуваме за хендикепот“, посветен на проблемите со кои се соочуваат лицата со попреченост. Првата емисија го обработува проблемот со пристапноста на објектите на институциите во Тетово за лицата со попреченост.