Прирачникот „Попреченост: На виделина“ од сега е достапен и во аудио форма.
Прирачникот „Попреченост: На виделина“ од сега е достапен и во аудио форма.
Погледнете го најновото издание од емисијата „Петтиот ангел“ која се фокусира на прашањата - Како да се допре до сржта на проблемите што ги мачат лицата со попреченост и сето тоа да се спакува во соодветна новинарска сторија, ослободена од патетика и сожалување? и Како да се избегнат стереотипите, предрасудите и несоодветното портретирање, а да се претстават интересите, проблемите и предизвиците на лицата со попреченост и како тие може да придонесат во општеството?
Унапредување на видливоста и медиумската покриеност на темите поврзани со правата и предизвиците со кои се соочуваат лицата со попреченост ќе бидат главни цели на 16-те јавни кампањи кои што ќе се спроведат во текот на 2019 година ширум земјава.
Новинари од различни редакции во земјава се дел од обуката „Во чевлите на другиот“ која од 24 до 26 октомври се одржува во Охрид и има за цел да ги подготви новинарите за нови пристапи во известувањето за лицата со попреченост, притоа вклучувајќи ги основните принципи на инклузивното новинарство.
Прирачникот има за цел да им помогне на македонските граѓански организации кои работат со лицата со попреченост да се справат со некои од предизвиците со кои се соочуваат секојдневно: отсуството на квалитетно известување за лицата со попреченост; перцепцијата за лицата со попреченост кои честопати се оптоварени со негативни стереотипи и предрасуди; и недостатокот на практични насоки за тоа како да се справат со тие предизвици.
Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија објавуваат повик за новинари кои сакаат да учествуваат на тридневна обука за известување за теми од интерес на лицата со попреченост. Обуката ќе се одржи од 24 до 26 октомври 2018 година во Охрид.
Проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, го спроведуваат Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија.
Проектот е финансиран од Европската Унија, преку Европскиот инструментот за демократија и човекови права (ЕИДХР).
Оваа веб-страница е изработена со поддршка од Европската Унија. Содржината на оваа веб-страница е одговорност единствено на Институтот за медиуми и различности од Лондон и на никаков начин не ги одразува гледиштата на Европската Унија.