Хромозомот плус му дал талент плус на 34-годишниот битолчанец Васко Војнески. Тој е момче со Даунов синдром и со талент на вистински тату мајстор. Досега немал можност да работи со вистинска опрема за тетовирање, но тоа не го спречило секојдневно да црта по неколку тетоважи на хартија.
Многумина битолчани, познавајќи ја неговата умешност му дозволиле со мастило и маркери да им исцрта тетоважи на рацете. Инспирацијата за тетоважите ја наоѓа во музиката.
„Децата на негова возраст не го отфрлија, туку го прифатија и го земаа во нивно друштво. Живееме на Широк Сокак и тој порасна на главната битолска улица. Другарите слушаа рап музика и тој почна да го слуша тоа. Открив дека со секоја песна што ќе ја слушне на својот таблет, бидејќи знае самостојно да користи интернет, произлегува по некој цртеж. Песната кај него предизвикува емоции и тој неа ја преточува во цртеж. Емоциите не се изразени само преку формите, туку и преку боите. Светло сино кога е мирен и расположен, црвено кога има копнеж, мотивација, црна кога е мелодијата тажна“, вели мајка му Нада Војнеска.
Додека бил мал тешко можело да се претпостави дека ќе стане толку умешен со моливот и боите. На училиште почнал на десет години поради проблеми со говорот. Но, благодарение на наставниците, педагошните служби, но и на посветеноста на родителите, ги научил буквите и бројките. Во тетоважите знае да вметне збор или бројки. Задолжително крај нив се потпишува.
Целиот текст е достапен на интернет-порталот „Сакам да кажам“.