Европска социјална повелба (ревидирана)
Преамбула:
Владите потписнички, членки на Советот на Европа,
Имајќи предвид дека цел на Советот на Европа е да оствари потесно единство меѓу своите членки за да се сочуваат и остварат идеалите и принципите коишто се нивно заедничко наследство и да се поттикне нивниот економски и општествен напредок, токму преку заштита и развој на правата на човекот и основните слободи;
Имајќи предвид дека, согласно со одредбите од Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи потпишана во Рим на 4 ноември 1950 година и на дополнителнитепротоколи, земјите-членки на Советот на Европа се согласни да им ги обезбедат на своето население граѓанските и политичките права и слободи наведени во тие документи;
Имајќи предвид дека, во согласност со одредбите од Европската социјална повелба која е отворена за потпишување во Торино на 18 октомври 1961 година и протоколите кон Повелбата, земјите- членки на Советот на Европа се согласни да им ги обезбедат на своето население социјалните права наведени во тие документи, со цел подобрување на нивниот животен стандард и нивната социјална благосостојба;
Потсетувајќи дека Министерската конференција за човекови права одржана во Рим на 5 ноември 1990 година ја нагласи потребата од заштита на неприкосновеното единство на сите човекови права, без оглед дали се граѓански, политички, економски, социјални или културни, од една страна, и давање на нов поттик на Европската социјална повелба, од друга страна;
Решени, како што беше одлучено во текот на Министерската конференција одржана во Торино на 21 и 22 октомври 1991 година, да ја надградат и усогласат суштинската содржина на Повелбата со цел земање предвид на основните социјални промени кои се појавија од донесувањето на текстот на Повелбата;
Препознавајќи ја предноста на воведувањето на правата гарантирани со Повелбата и нејзините измени, правата гарантирани со дополнителниот Протокол од 1988 година и дополнување со нови права, во ревидираната Повелба, која е создадена со цел постепено да ја замени Европската социјална повелба,
Се согласија со следново:
ПРВ ДЕЛ
Страните-договорнички прифаќаат како цел на својата политиката, што ќе ја водат со сите расположливи национални и меѓународни средства, да биде создавање на услови кои ќе овозможат ефикасна примена на следните права и принципи:
1. Секој треба да има можност да заработува за живот преку слободно избрана работа.
2. Сите работници имаат право на еднакви услови за работа.
3. Сите работници имаат право на безбедни и здрави услови за работа.
4. Сите работници имаат право на правична заработувачка што им обезбедува ним и на нивните семејства, пристоен животен стандард.
5. Сите работници и работодавачи имаат право на слобода на здружување во национални или меѓународни организации заради заштита на своите економски и социјални интереси.
6. Сите работници и работодавачи имаат право на колективно преговарање.
7. Децата и младинците имаат право на посебна заштита од физичките и моралните опасности на кои се изложени.
8. Вработените жени, во случај на мајчинство, имаат право на посебна заштита.
9. Секој има право да користи соодветни погодности за професионално насочување, со цел да му се помогне во изборот на професија соодветна на неговите лични способности и интереси.
10. Секој има право да користи соодветни погодности за стручна обука.
11. Секој има право да ги користи погодностите од сите мерки што му овозможуваат уживање на највисокиот можен достапен здравствен стандард.
12. Сите работници и лицата кои тие ги издржуваат имаат право на социјална сигурност.
13. Секое лице кое нема доволно средства за живот има право на социјална и медицинска помош.
14. Секој има право да ги користи услугите на службите за социјална заштита.
15. Лицата со посебни потреби имаат право на независност, социјално вклучување и учество во општествениот живот.
16. Семејството, како основна единица на општеството, има право на соодветна социјална, правна и економска заштита заради обезбедување на свој целосен развој.
17. Децата и младинците имаат право на соодветна социјална, правна и економска заштита.
18. Државјаните на било која од страните- договорнички имаат право да вршат доходовни дејности , на територијата на било која друга страна-договорничка, на рамноправна основа како и нејзините државјани, со ограничувања кои се засновани на убедливи економски или социјални причини.
19. Работниците-мигранти државјани на една од страните-договорнички и нивните семејства имаат право на заштита и помош на територијата на било која друга страна- договорничка.
20. Сите работници имаат право на еднакви можности и еднаков третман за прашања поврзани со вработување и професија без каква било полова дискриминација.
21. Работниците имаат право да бидат информирани и консултирани во рамки на претпријатието.
22. Работниците имаат право да учествуваат во определувањето и подобрувањето на условите за работа и работната средина во рамки на претпријатието.
23. Секое постаро лице има право на социјална заштита.
24. Сите работници имаат право на заштита во случај на престанок на работниот однос.
25. Сите работници имаат право на заштита на нивните побарувања во случај на несолвентност на нивниот работодавец.
26. Сите работници имаат право на достоинство на работното место.
27. Сите лица со семејни обврски и кои се вработени или сакаат да се вработат имаат право на вработување без да бидат предмет на дискриминација и колку што е можно повеќе без да се создаде конфликт помеѓу нивните работни и семејни обврски.
28. Претставниците на работниците во претпријатијата имаат право на заштита од дејствија кои би можеле да бидат штетни за нив и треба да им се овозможат соодветни услови за извршување на нивните активности.
29. Сите работници имаат право да бидат информирани и консултирани за постапките за колективен технолошки вишок.
30. Секој има право на заштита од сиромаштија и социјална исклученост.
31. Секој има право на домување.
ВТОР ДЕЛ
Страните-договорнички ги прифаќаат, како што е предвидено во дел III, обврските што произлегуваат од подолу наведените членови и ставови.
Член 1
Право на работа
Со цел да се обезбеди ефикасно остварување на правото на работа, страните-договорнички се обврзуваат:
1. Да прифатат како една од своите основни цели и одговорности постигнување и одржување на највисоко и најстабилно можно ниво на вработеност, со цел постигнување на целосна вработеност;
2. На ефикасен начин да го заштитуваат правото на работниците да заработуваат за живот преку слободно избрана работа;
3. Да воспостават или да одржуваат бесплатни услуги за вработување за сите работници;
4. Да обезбедат или да унапредат соодветно стручно насочување, обука и рехабилитација.
Член 2
Право на правични услови за работа
Со цел да се обезбеди ефикасно остварување на правото на правични услови за работа, страните-договорнички се обврзуваат:
1. Да утврдат разумна должина на дневното и неделното работно време, со тоа што работната недела да биде постепено смалувана онолку колку што зголемувањето на продуктивноста и другите фактори тоа го дозволуваат;
2. Да предвидат платени државни празници;
3. Да обезбедат најмалку четири недели платен годишен;
4. Да ги елиминираат ризиците од професии кои по природа се опасни или штетни по здравјето, и онаму каде што тоа не е можно значително да ги елиминираат или намалат таквите ризици, да им обезбедат на работниците вработени на такви работни места скратено работно време или дополнителен платен одмор;
5. Да обезбедат неделен одмор кој ќе се совпаѓа што е можно повеќе со денот во неделата кој традиционално или вообичаено е прифатен како ден за одмор во земјата или регионот;
6. Да осигурат дека работниците се информирани во писмена форма во најкраток можен рок , а во секој случај не подоцна од два месеца по датумот на започнување на нивниот работен однос, за суштинските аспекти на договорот за работа и работниот однос;
7. Да осигурат дека работниците кои извршуваат ноќна работа ги користат мерките наменети за нив поради специфичната природа на работата.
Член 3
Право на безбедни и здрави услови за работа
Со цел да се обезбеди ефикасно остварување на правото на безбедни и здрави услови за работа, страните-договорнички се обврзуваат, во консултација со организациите на работодавците и на работниците:
1. Да формулираат, спроведат и периодично да ја прегледуваат кохерентната национална политика за безбедност и здравје при работа и работна средина. Примарна цел на оваа политика е подобрување на безбедноста и здравјето при работа и спречување на незгоди и загрозување на здравјето, коишто произлегуваат од работата, се поврзани со работата и се појавуваат во текот на работата, особено преку сведување на минимум на причините за опасностите кои се неразделив дел од работната средина;
2. Да донесат прописи за безбедност и здравје;
3. Да овозможат спроведување на таквите прописи преку спроведување мерки за надзор;
4. Да го унапредуваат постепениот развој на службите за трудово здравје за сите работници, кои главно би извршувале превентивни и советодавни функции.
Член 4
Право на правична заработувачка
Со цел да обезбеди ефикасно остварување на правото на правична заработувачка, страните- договорнички се обврзуваат:
1. Да им го признаат правото на работниците на доволна заработувачка, која ќе им обезбеди ним и на нивните семејства, пристоен животен стандард;
2. Да им го признаат на работниците правото на зголемена заработувачка за прекувремена работа, со исклучок на некои посебни случаи;
3. Да им го признаат правото на работниците мажи и жени на еднаква заработувачка за еднаква работа;
4. Да им го признаат правото на сите работници на разумен отказен рок во случај на престанок на работниот однос;
5. Да дозволат одбитоци од платите само под услови и во рамките пропишани со национални закони или други прописи, или утврдени со колективните договори или арбитражните одлуки.
Примената на овие права мора да биде обезбедена или со слободно склучени колективни договори или со законски постапки за утврдување на платите, или на друг начин кој е во согласност со националните услови.
Член 5
Право на организирање
Со цел да ја гарантираат или да ја унапредат слободата на работниците и работодавачите да формираат локални, национални или меѓународни организации за заштита на нивните економски и социјални интереси и да се зачленат во овие организации, страните-договорнички се обврзуваат, со националното законодавство да не ја повредуваат оваа слобода, ниту да го применуваат на начин според кој истата се повредува. Обемот во кој гаранциите предвидени во овој член ќе се применуваат врз полицијата, ќе биде утврден според националните закони или прописи. Принципот според кој се раководи примената на овие гаранции за припадниците на оружените сили и обемот во кој тие ќе се применуваат за оваа категорија лица, исто така, ќе бидат утврдени со националните закони или прописи.
Член 6
Право на колективно договарање
Со цел да се обезбеди ефикасно остварување на правото на колективно преговарање, страните- договорнички се обврзуваат:
1. Да ги унапредуваат заедничките консултации меѓу работниците и работодавците;
2. Да го унапредуваат, кога е тоа потребно и корисно, механизмот на слободни преговори меѓу работодавачите или организациите на работодавачите, од една страна, и организациите на работниците, од друга страна, со цел со колективни договори да се уредат условите за вработување;
3. Да го поттикнуваат воведувањето и примената на соодветни механизми за доброволно помирување и арбитража при решавањето на работните спорови;
и им го признаваат:
4. Правото на работниците и работодавачите на заеднички акции во случај на судири на интересите, вклучувајќи го и правото на штрајк, кое е ограничено со обврските што би можеле да произлезат од важечките колективни договори.
Член 7
Право на заштита на децата и младинците
Со цел да се обезбеди ефикасно остварување на правото на заштита на децата и младинците, страните-договорнички се обврзуваат:
1. Да утврдат дека минималната возраст за вработување изнесува 15 години, со тоа што исклучоци, сепак, се дозволени за деца вработени на определени лесни работи без ризик по нивното здравје, нивниот морал или нивното школување;
2. Да утврдат дека минималната возраст за вработување на одделни утврдени работни места кои се сметаат како опасни или штетни по здравјето изнесува 18 години;
3. Да забранат лицата, кои се уште подлежат на задолжително образование, да бидат вработувани на работи коишто би ги лишиле од сите придобивки од нивното образование;
4. Да го ограничат работното време на лицата помлади од 18 години во согласност со потребите за нивниот развој и особено со потребите за нивната стручна подготовка;
5. Да го признаат правото на младите работници и приправници на правична заработувачка или на друг соодветен надоместок;
6. Да обезбедат часовите што младинците ги користат за стручна подготовка во текот на редовното работно време со согласност од работодавачот, да бидат сметани како составен дел на работниот ден;
7. Да утврдат минимум од четири недели платен годишен одмор на работниците помлади од 18 години;
8. Да забранат вработување на лица помлади од 18 години на ноќна работа, со исклучок на некои работни места утврдени со националните закони или други прописи;
9. Да обезбедат, лицата помлади од 18 години, вработени на некои работни места, определени со националните закони или други прописи, да бидат задолжени на редовна лекарска контрола;
10. Да обезбедат посебна заштита од физички и морални опасности на кои се изложени децата и младинците, а особено од оние кои се непосредна или посредна последица на нивната работа.
Член 8
Право на работничките на заштита на мајчинството
Со цел да се обезбеди ефикасно остварување на правото на работничките на заштита на мајчинството, страните-договорнички се обврзуваат:
1. Да им обезбедат на жените работнички, пред и по породувањето, одсуство од работа во вкупно траење од најмалку 14 недели, било како платено одсуство, било со соодветни надоместоци од социјалното осигурување или надоместоци од јавни фондови;
2. Да сметаат дека е незаконски кога работодавецот ќе даде известување за отпуштање од работа на жена за време на периодот откако таа го известила својот работодавец дека е бремена до крајот на нејзиното породилно отсуство или пак ако и даде известување за отпуштање со отказен рок кој истекува за време на породилното отсуство;
3. Да им обезбедат на мајките кои ги дојат своите новороденчиња доволни паузи наменети за таа цел;
4. Да го регулираат вработувањето на ноќни работни места на жени во текот на бременоста, жени кои неодамна се породиле и жени кои ги дојат своите новороденчиња;
5. Да забранат секое вработување на жени во текот на бременоста, жени кои неодамна се породиле и жени кои ги дојат своите новороденчиња на подземни работи во рудници, и на сите работни места што се несоодветни заради тоа што се опасни, штетни по здравјето или особено тешки, и да преземат соодветни мерки за заштита на правата од работен однос на овие жени.
Член 9
Право на професионално насочување
Со цел да се обезбеди ефикасно остварување на правото на професионално насочување, страните- договорнички се обврзуваат да формираат или да унапредуваат, во согласност со потребите, служба која ќе им помага на сите лица, вклучувајќи ги и лицата со посебни потреби, во решавањето на проблеми поврзани со изборот на професија или на унапредувањето во професијата, имајќи ги предвид индивидуалните способности и нивната поврзаност со можностите на пазарот на трудот; оваа помош треба да биде бесплатна, како за младинците, вклучувајќи ги и децата од училишна возраст, така и за возрасните.
Член 10
Право на стручна обука
Со цел да се обезбеди ефикасно остварување на стручна обука, страните-договорнички се обврзуваат:
1. Да обезбедат или да унапредуваат, во согласност со потребите, техничка и стручна подготовка на сите лица, вклучувајќи ги и лицата со посебни потреби, во консултации со организациите на работодавците и работниците и да им обезбедат услови за пристап до повисоко техничко и универзитетско образование, исклучиво врз основа на индивидуалните капацитети;
2. Да обезбедат или да унапредуваат систем за стажирање или други системски облици на обучување на младите момчиња и девојки, за нивните различни занимања;
3. Да обезбедат или да унапредуваат, во согласност со потребите:
а) соодветни и лесно достапни можности за обука на возрасни работници;
б) специјални услови за професионална преквалификација на возрасни работници, која произлегува како потреба од технолошкиот развој или новите трендови при вработување;
4. Да обезбедат или унапредуваат, во согласност со потребите, посебни мерки за преквалификација и реинтеграција на долгорочно невработените лица;
5. Да го поттикнуваат целосното користење на предвидените погодности со соодветни мерки, како што се:
а) намалување или укинување на сите даноци или давачки;
б) давање финансиска помош во одделни случаи;
в) вклучување во редовните работни часови на времето поминато на дополнителна обука која работникот, на барање на работодавецот, ја имал во текот на работата;
г) обезбедување, по пат на соодветен надзор, а во консултација со организациите на работодавците и на работниците, на ефикасен систем на стажирање и на други планови за обучување на младите работници и, воопшто, соодветна заштита на младите работници.
Член 11
Право на здравствена заштита
Со цел да се обезбеди ефикасно остварување на правото на здравствена заштита, страните- договорнички се обврзуваат, директно, или во соработка со јавните или приватните организации, да преземат соодветни мерки кои, меѓу другото, имаат за цел:
1. Да се отстранат, што е можно повеќе, причините за слабото здравје;
2. Да се обезбедат советодавни и образовни капацитети за подобрување на здравјето и развој на чувството за лична одговорност за здравјето;
3. Да се спречат, што е можно повеќе, епидемии, ендемии и други болести, како и несреќни случаи.
Член 12
Право на социјална сигурност
Со цел да се обезбеди ефикасно остварување на правото на социјална сигурност, страните- договорнички се обврзуваат:
1. Да воспостават или да одржуваат систем на социјална сигурност;
2. Да го одржуваат системот на социјална сигурност на задоволително ниво, т.е. барем на ниво потребно за ратификација на Европскиот кодекс за социјална сигурност;
3. Да настојуваат, системот на социјална сигурност постепено да се подига на повисоко ниво;
4. Да преземаат мерки, преку склучување на соодветни билатерални и мултилатерални договори или на друг начин, и под услови предвидени во тие договори, со цел да обезбедат:
а) еднаков третман меѓу сопствените државјани и државјаните на другите страни- договорнички во однос на правата за социјална сигурност, вклучувајќи го и задржувањето на бенефициите што произлегуваат од законите за социјална сигурност, без оглед на тоа на која територија на страните-договорнички престојуваат социјално осигурените лица;
б) давање, зачувување или повторно воспоставување на правата на социјална сигурност со средства како што се акумулација на периодите на осигурување или вработеност, согласно со прописите на секоја од страните-договорнички.
Член 13
Право на социјална и медицинска помош
Со цел да се обезбеди ефикасно остварување на правото на социјална и медицинска помош, страните-договорнички се обврзуваат:
1. Да обезбедат дека секое лице, кое не располага со доволни извори на приходи и кое не е способно само да ги обезбеди тие приходи или да ги добие од друг извор, особено бенефиции според шемите за социјална сигурност, да може да добие соодветна помош, а во случај на болест, неопходна нега во зависност од неговата здравствена состојба;
2. Да им гарантираат, на лицата кои користат таква помош од таа причина, дека нема да им бидат намалени политичките и социјалните права;
3. Да обезбедат сите лица да можат, преку надлежните јавни или приватни служби, да ги добиваат сите потребни совети и сета лична помош за да се спречи, отстрани или да се намали личната или семејната потреба за помош;
4. Да ги применуваат одредбите од став 1, 2 и 3 од овој член, на рамноправна основа, на своите државјани, како и на државјаните на другите страни-договорнички кои легално се наоѓаат на нивната територија, во согласност со обврските преземени со Европската конвенција за социјална и медицинска помош, потпишана во Париз на 11 декември 1953 година.
Член 14
Право да ги користи услугите на службите за социјална заштита
Со цел да се обезбеди ефикасно остварување на правото на користење на услугите на службите за социјална заштита, страните-договорнички се обврзуваат:
1. Да поттикнуваат формирање или да формираат служби, кои преку користење на методи на социјална работа, ќе придонесуваат за благосостојбата и развојот на поединците и групите во заедницата, како и за нивно прилагодување кон општествената средина;
2. Да го поттикнуваат учеството на поединци и на доброволни или други организации во формирањето или поддршката на тие служби.
Член 15
Право на лицата со посебни потреби на независност, социјална интеграција и учество во општествениот живот
Со цел да се обезбеди ефикасно остварување на правото на лицата со посебни потреби, на независност, социјална интеграција и учество во општествениот живот, без оглед на нивната возраст, природата и потеклото на нивниот инвалидитет, страните-договорнички се обврзуваат:
1. Да преземат неопходни мерки за да им овозможат на лицата со посебни потреби ориентација, образование и стручна подготовка во рамките на општата програма онаму каде што е тоа можно, или онаму каде што тоа не е можно, преку специјализирани јавни или приватни тела;
2. Да го унапредат нивниот пристап до вработување користејќи ги сите мерки кои имаат за цел да ги охрабрат работодавците да вработат и да задржат во работен однос лица со посебни потреби во вообичаената работна средина и да ги прилагодат условите за работа на потребите на лицата со посебни потреби, или онаму каде што тоа не е можно поради типот на инвалидноста, преку уредување или создавање на заштитено вработување согласно со степенот на инвалидност. Во одредени случаи, таквите мерки подразбираат користење на услугите на специјализирани служби за посебно распоредување и поддршка;;
3. Да ја унапредат нивната целосна социјална интеграција и учество во општествениот живот особено преку такви мерки, вклучувајќи и техничка помош, кои имаат за цел надминување на пречките во комуникацијата и движењето и овозможување на пристап до превоз, домување, културни и рекреативни активност
Член 16
Право на семејството на социјална, правна и економска заштита
Со цел создавање на неопходни услови за целосен развој на семејството, како основна клетка на општеството, страните-договорнички се обврзуваат да ја унапредуваат економската, правната и социјалната заштита на семејниот живот, преку социјални и семејни додатоци, фискални олеснувања, поттикнување на изградбата на станови соодветни на потребите на семејствата, помош на млади семејства и други соодветни мерки.
Член 17
Право на децата и младинците на социјална, правна и економска заштита
Со цел да се обезбеди ефикасно остварување на правото на децата и младинците да растат во средина која го поттикнува целосниот развој на нивната личност и нивните физички и ментални способности, страните-договорнички се обврзуваат, директно или во соработка со јавните или приватните организации, да преземат соодветни и неопходни мерки кои имаат за цел:
1
а) да осигурат дека децата и младинците, имајќи ги предвид правата и обврските на нивните родители, ја добиваат грижата, помошта, образованието и обуката која им е потребна, особено преку воспоставување и одржување на институции и служби кои се доволни и соодветни за оваа цел;
б) да ги заштитат децата и младинците од запоставување, насилство или експлоатација;
в) да обезбедат заштита и специјална помош од државата за деца и младинци кои се времено или трајно лишени од семејна поддршка;
2. Да им обезбедат на децата и младинците бесплатно основно и средно образование и да ги поттикнат редовно да ја посетуваат наставата.
Член 18
Право на вршење доходовна дејност на територијата на другите страни- договорнички
Со цел да се обезбеди ефикасно остварување на правото на вршење доходовна дејност на територијата на другите страни-договорнички, страните-договорнички се обврзуваат:
1. Да ги применуваат постојните прописи во духот на либералноста;
2. Да ги поедностават важечките формалности и да ги намалат или укинат судските и другите давачки што ги плаќаат странските работници или нивните работодавци;
3. Да ги либерализираат, поединечно или колективно, прописите со коишто се регулира вработувањето на странските работници;
и да им го признаат:
4. Правото на своите државјани да ја напуштат земјата за да вршат доходовна дејност на територијата на другите страни-договорнички.
Член 19
Право на работниците мигранти и на нивните семејства на заштита и помош
Со цел да се обезбеди ефикасно остварување на правото на работниците мигранти и на нивните семејства на заштита и помош на територијата на секоја друга страна-договорничка, страните- договорнички се обврзуваат:
1. Да одржуваат или да осигураат дека постојат соодветни бесплатни служби за помош на тие работници и особено за прибавување на точни информации и да ги преземаат сите потребни чекори, колку што тоа го дозволуваат националните закони и други прописи, против секоја лажна пропаганда во врска со емиграцијата и имиграцијата;
2. Да усвојат соодветни мерки, во рамките на својата територијална надлежност, за да се олесни заминувањето, патувањето и прифаќањето на тие работници и нивните семејства и да им обезбедат, во рамките на својата територијална надлежност, за време на патувањето, услуги од соодветни медицински и здравствени служби, како и добри хигиенски услови за време на патувањето;
3. Да ја унапредуваат соработката, според случајот, меѓу јавните и приватните социјални служби на земјите на емиграцијата и на земјите на имиграцијата;
4. Да им обезбедат на работниците кои легално престојуваат на нивната територија, во онаа мера во која овие прашања се регулирани со законски и други прописи, или се во надлежност на управните органи, да добијат еднаков третман како и нивните државјани во однос на следниве прашања:
а) заработувачка и други услови за вработување и работа;
б) членување во синдикалните организации и уживање на погодностите предвидени со колективните договори;
в) сместување;
5. Да им обезбедат на таквите работници, кои легално престојуваат на нивната територија, не полош третман од оној на нивните државјани во однос на даноците, таксите и придонесите кои се плаќаат за вработените лица;
6. Да го олеснат, колку е тоа можно, повторното обединување на семејството на работникот мигрант на кој му е дозволено да престојува на таа територија;
7. Да им обезбедат на оние работници кои легално престојуваат на нивната територија не полош третман од оној на нивните државјани во поглед на правните постапки поврзани со прашањата наведени во овој член;
8. Да осигураат дека работниците кои легално престојуваат на нивната територија дека не може да бидат протерани, освен доколку ја загрозат националната безбедност или ако го повредат јавниот ред или моралот;
9. Да им дозволат на работниците мигранти, во рамките утврдени со закон, трансфер на онолку заработувачка и заштеди колку што тие сакаат да префрлат;
10. Да ги прошират заштитата и помошта предвидени со овој член на самовработените работници мигранти, доколку таквите мерки можат на нив да се применат;
11. Да го унапредуваат и олеснуваат учењето на националниот јазик на земјата на престој, или доколку има повеќе, еден од овие јазици, на работниците мигранти и членовите на нивните семејства;
12. Да го унапредуваат и олеснуваат, до онаа мера колку што е тоа можно, учењето на мајчин јазик за децата на работникот мигрант.
Член 20
Право на еднакви можности и еднаков третман за прашања поврзани со вработување и професија без каква било полова дискриминација.
Со цел да се обезбеди ефикасно остварување на правото на еднакви можности и еднаков третман за прашања поврзани со вработување и професија без каква било полова дискриминација, страните- договорнички се обврзуваат да го признаат тоа право и да преземат соодветни мерки за осигурување или унапредување на неговата примена на следниве полиња:
а) пристап до вработување, заштита од отпуштање и повторна интеграција на пазарот на труд;
б) професионално насочување, обука, преквалификација и рехабилитација;
в) услови за вработување и работа, вклучувајќи и заработувачка;
г) развој на кариера, вклучувајќи и унапредување.
Член 21
Право на информирање и консултирање
Со цел да се обезбеди ефикасно остварување на правото на работниците да бидат информирани и консултирани во рамки на претпријатието, страните-договорнички се обврзуваат да донесат или да поттикнат мерки кои, во согласност со националното законодавство и практики, ќе им овозможат на работниците или на нивните претставници:
а) Да бидат редовно информирани или во соодветен момент и на разбирлив начин за економската и финансиската состојба на претпријатието каде што работат, при што се подразбира дека откривањето на одредени информации кои би можеле да му наштетат на претпријатието може да се забрани или да подлежи на одредби за доверливост; и
б) Да бидат навремено консултирани за предложените одлуки кои во голема мера влијаат на интересите на работниците, особено за оние одлуки кои можат да имаат значително влијание врз работните односи во претпријатието.
Член 22
Право на учество во утврдувањето и подобрувањето на условите за работа и работната средина
Со цел да се обезбеди ефикасно остварување на правото на работниците да учествуваат во утврдувањето и подобрувањето на условите за работа и работната средина во претпријатието, страните-договорнички се обврзуваат да донесат или да поттикнат мерки кои ќе им овозможат на работниците или на нивните претставници, во согласност со националното законодавство и практики, да придонесат кон:
а) утврдувањето и подобрувањето на условите за работа, организацијата на работата и работната средина;
б) заштитата на здравјето и безбедноста во рамки на претпријатието;
в) организацијата на социјални и социо-културни служби и погодности во рамки на претпријатието;
г) контролата на почитувањето на прописите за овие прашања.
Член 23
Право на постарите лица на социјална заштита
Со цел да се обезбеди ефикасно остварување на правото на постарите лица на социјална заштита, страните-договорнички се обврзуваат, директно или во соработка со јавните или приватните организации, да донесат или поттикнат соодветни мерки кои имаат за цел:
- да им овозможат на постарите лица да останат полноправни членови на општеството, колку што е можно подолго, преку:
а) соодветни ресурси што им овозможуваат да водат достоинствен живот и да земат активно учество во јавниот, општествениот и културниот живот;
б) обезбедување на информации за услуги и погодности кои им се на располагање на постарите лица и можностите за нивно користење;
- да им овозможат на постарите лица слободно да го изберат нивниот начин на живот и да водат независен живот во познато окружување колку што сакаат и се способни за тоа, преку:
а) обезбедување на домување кое е соодветно на нивните потреби и нивната здравствена состојба или на соодветна поддршка за адаптирање на нивните домови;
б) пружање на здравствена заштита и услуги кои се потребни за нивната здравствена состојба;
- да им гарантираат на постарите лица кои живеат во институции, соодветна поддршка, со почитување на нивната приватност и право на учество во одлуки во врска со условите за живот во тие институции.
Член 24
Право на заштита во случај на престанок на работниот однос
Со цел да се обезбеди ефикасно остварување на правото на работниците на заштита во случај на престанок на работниот однос, страните- договорнички се обврзуваат да го признаат:
а) правото на сите работници работниот однос да им престане само врз основа на оправдана причина за таквиот престанок поврзана со нивните способности или однесување или врз основа на оперативните потреби на претпријатието, установата или службата;
б) правото на работниците, чиј работен однос им престанал без основана причина, на соодветен надомест или друга соодветна помош.
За таа цел, страните-договорнички се обврзуваат да осигурат дека работникот кој смета дека неговиот работен однос му престанал без основана причина има право на жалба до независно тело.
Член 25
Право на работници на заштита на нивните побарувања во случај на несолвентност на нивниот работодавец
Со цел да се обезбеди ефикасно остварување на правото на работниците на заштита на нивните побарувања случај на несолвентност на нивниот работодавец, страните- договорнички се обврзуваат да осигурат дека побарувањата на работниците кои произлегуваат од договорите за вработување или работниот однос се гарантирани од институција за гаранции или друга ефикасна форма на заштита.
Член 26
Право на достоинство при работа
Со цел да се обезбеди ефикасно остварување на правото на сите работниците на заштита на нивното достоинство на работа, страните- договорнички се обврзуваат, во консултација со организациите на работодавците и на работниците:
1. Да ги унапредуваат свесноста, информирањето и спречувањето на сексуално вознемирување на работното место или во врска со работата и да ги преземат сите соодветни мерки за да ги заштитат работниците од такво однесување;
2. Да ги унапредуваат свесноста, информирањето и спречувањето на повторливи погрешни или особено негативни и навредливи активности насочени кон поединечни работници на работното место или во врска со работата и да ги преземат сите соодветни мерки за да ги заштитат работниците од такво однесување.
Член 27
Право на работниците со семејни обврски на еднакви можности и еднаков третман
Со цел да се обезбеди ефикасно остварување на правото на еднакви можности и третман за мажите и жените работници кои имаат семејни обврски и помеѓу таквите работници и другите работници, страните-договорнички се обврзуваат:
1. Да преземат соодветни мерки:
а) да им овозможат на работниците со семејни обврски да стапат и останат во работен однос, како и повторно да се вратат на работа по отсуството поради таквите обврски, вклучувајќи и мерки на полето на професионалната ориентација и обуката;
б) да земање предвид на нивните потреби од аспект на условите за вработување и социјална сигурност;
в) за развој или унапредување на јавни или приватни служби, особено служби за дневна нега на деца и други облици на детска заштита;
2. Да обезбедат можност на еден од родителите да користи, во текот на периодот по породилното отсуство, родителско отсуство за да се грижи за детето, а времетраењето и условите за таквото отсуство треба да бидат утврдени со националното законодавство, колективни договори или праксата;
3. Да осигурат дека семејните обврски како такви не претставуваат оправдана причина за престанок на работниот однос.
Член 28
Право на претставниците на вработените на заштита во претпријатијата и средства за извршување на нивните функции кои треба да им се обезбедат
Со цел да се обезбеди ефикасно остварување на правото на претставниците на работниците да ги извршуваат нивните функции, страните- договорнички се обврзуваат да осигурат дека во претпријатието:
а) тие имаат ефективна заштита од активности кои се штетни за нив, вклучувајќи и отпуштање врз основа на нивниот статус или активностите кои ги вршат како претставници на работниците во рамки на претпријатието;
б) им се обезбедени соодветни средства кои ќе им овозможат навремено и ефикасно извршување на нивните функции, имајќи ги предвид системот на индустриски односи во земјата и потребите, обемот и можностите на засегнатото претпријатие.
Член 29
Право на информирање и консултирање во постапките за колективен технолошки вишок
Со цел да се обезбеди ефикасно остварување на правото на работниците да бидат информирани и консултирани во случај на колективен технолошки вишок, страните-договорнички се обврзуваат да осигурат дека работодавците ги информираат и консултираат претставниците на работниците навремено и пред таквите постапки за колективно отпуштање, за начините и средствата за избегнување на постапки за колективен технолошки вишок или ограничување на нивните појави и ублажување на нивните последици, на пример со упатување на придружни социјални мерки наменети особено за помош за прераспределување или прекфаликација на засегнатите работници.
Член 30
Право на заштита од сиромаштија и социјална исклученост
Со цел да се обезбеди ефикасно остварување на правото на заштита од сиромаштија и социјална исклученост, страните се обврзуваат:
а) да преземат мерки во рамки на еден целокупен и координиран пристап за промовирање на ефикасен пристап на лицата и нивните семејства кои живеат или се во ризик да живеат во состојба на социјална исклученост или сиромаштија, до вработување, домување, обука, образование, култура и социјална и медицинска помош;
б) да ги разгледаат овие мерки со цел нивно прилагодување доколку е потребно.
Член 31
Право на домување
Со цел да се обезбеди ефикасно остварување на правото на домување, страните-договорнички се обврзуваат да преземат мерки кои имаат за цел:
1. Да го унапредат пристапот до домување со соодветен стандард;
2. Да го спречат и намалат бездомништвото со цел негово постепено елиминирање;
3. Да ја направат пристапна цената на домување за лицата кои немаат соодветни ресурси.
ТРЕТ ДЕЛ
Член А
Обврски
1 Согласно со одредбите од Член Б подолу, секоја од страните-договорнички се обврзува:
а) да го смета Делот I од Поделбата како изјава во која се утврдуваат целите што таа ќе ги остварува со сите соодветни средства, како што е наведено во воведниот став од тој дел;
б) да се смета за обврзана да прифати најмалку шест од следниве девет членови од Делот II од Повелбата: членови 1, 5, 6, 7, 12, 13, 16, 19 и 20;
в) да се смета за обврзана да прифати дополнителен број членови или ставови наброени во Делот II од Повелбата што таа ќе ги избере, со тоа што вкупниот број на наброените членови и ставови што ги прифатила да не биде помал од шеснаесет членови или шеесет и три ставови.
2. За членовите или ставовите избрани согласно со одредбите од алинеите б) и в) од ставот 1 на овој член, страната-договорничка ги известува Генералниот секретар на Советот на Европа во моментот на депонирањето на својот инструмент за ратификација, прифаќање или одобрување.
3. Секоја од страните-договорнички може, во секој момент потоа, да изјави, со известување упатено до Генералниот секретар, дека го прифаќа секој друг наброен член или став од Делот II од Повелбата, а што се уште не го прифатила согласно со одредбите од став 1 од овој член. Таквите дополнително преземени обврски ќе бидат сметани за составен дел на ратификацијата, прифаќањето или одобрувањето и ќе го имаат истиот ефект од првиот ден од месецот по истекот на период од еден месец сметано од денот на доставувањето на известувањето.
4. Секоја страна-договорничка е обврзана да има систем на трудова инспекција соодветен на нејзините национални услови.
Член Б
Врски со Европската социјална повелба и дополнителниот Протокол од 1988 година
1. Ниту една страна-договорничка на Европската социјална повелба или страна-договорничка на дополнителниот Протокол од 5 мај 1988 година може да ја ратификува, прифати или одобри Повелбата без да се смета дека се обврзала барем за одредбите коишто одговараат на Европската социјална повелба, и онаму каде што е тоа случај, на дополнителниот Протокол, кон кој страната се обврзала.
2. Прифаќањето на обврските од било која одредба од Повелбата, од денот на влегување во сила на овие обврски за засегнатата страна, ќе резултира со престанок на применување на соодветните одредби од Европската социјална повелба и соодветно на дополнителниот
Протокол од 1988 година од засегнатата страна- договорничка, во случај кога таа страна е обврзана со првиот или со двата инструменти.
ЧЕТВРТИ ДЕЛ
Член Ц
Надзор врз спроведувањето на обврските содржани во оваа Повелба
Спроведувањето на правните обврски содржани во Повелбата подлежи на истата контрола како и онаа на Европската социјална повелба.
Постапката за надзор е утврдена во Дел IV од Повелбата, кој е даден подолу, со измените со Протоколот од Турин од 1991 година.
ПЕТТИ ДЕЛ
Член 21
Извештаи за прифатените одредби
Страните-договорнички секоја втора година му поднесуваат извештај на Генералниот секретар на Советот на Европа, во форма определена од Комитетот на министри, за примената на одредбите од дел II од Повелбата кои што ги прифатиле.
Член 22
Извештаи за одредбите што не се прифатени
Страните-договорнички му поднесуваат на Генералниот секретар на Советот на Европа, во определени интервали и на барање на Комитетот на министри, извештаи за одредбите од Делот II од Повелбата што тие не ги прифатиле во моментот на нивната ратификација или одобрувањето, ниту со доставување на дополнително известување. Комитетот на министрите ќе утврди, во определени интервали, за кои одредби ќе бидат барани овие извештаи и во која форма треба да се достават бараните извештаи.
Член 23
Доставување на копии од извештаите и коментари
1. При доставувањето на извештаите до Генералниот секретар, во согласност со членовите 21 и 22, секоја од страните- договорнички ќе доставува копии од извештаите и до националните организации кои се членки на меѓународните организации на работодавачите и синдикалните организации, а кои согласно со член 27 став 2 ќе бидат повикани, да испратат свои претставници на состаноците на Владиниот комитет.
Овие организации ќе ги испраќаат своите коментари за извештаите на страните- договорнички до Генералниот секретар . Генералниот секретар ќе достави копија од овие коментари до засегнатите страни-договорнички, кои можеби би имале желба да дадат свој одговор.
2. Генералниот секретар ќе препрати копија од извештаите на страните-договорнички до меѓународните невладини организации коишто имаат советодавен статус при Советот на Европа и кои се особено квалификувани за прашања кои што се уредени со Повелбата.
3. Извештаите и коментарите наведени во членовите 21 и 22 и во овој член, на барање ќе бидат достапни за јавноста.
Член 24
Разгледување на извештаите
1 Извештаите доставени до Генералниот секретар, согласно со членовите 21 и 22, ќе бидат разгледани од Комитетот на независни експерти оформен согласно со член 25. Комитетот, исто така, ќе располага со сите коментари доставени до Генералниот секретар согласно со став 1 од членот 23. По завршување на разгледувањето, Комитетот на независни експерти1 изготвува извештај кој ги содржи неговите заклучоци.
2. Во однос на извештаите наведени во член 21, Комитетот на независни експерти1 ја оценува од правен аспект усогласеноста на националните закони и практики со обврските кои произлегуваат од Повелбата за засегнатите страни-договорнички.
3. Комитетот на независни експерти1 може да поднесе барања за дополнителни информации и појаснувања директно до страните-договорнички. Во согласност со наведеното, доколку е потребно, Комитетот на независни експерти1 може да одржи состанок со претставниците на страната- договорничка, било по сопствена иницијатива или на барање на засегнатата страна-договорничка. Организациите наведни во став 1 од член 23 ќе бидат за тоа информани.
4. Генералниот секретар ги објавува и доставува Заклучоците на Комитетот на независни експерти до Владиниот комитет, до Парламентарното собрание и до организациите наведни во став 1 од член 23 и став 2 од член 27.
Член 25
Комитет на независни експерти [Европски комитет за социјални права]
1 Комитетот на независни експерти е составен од најмалку девет членови2 избрани од Парламентарното собрание3 со мнозински број на гласови од списокот на независни експерти со највисок интегритет и призната стручност во социјалната област на национален и на меѓународен план, кои се номинирани од страните-договорнички. Точниот број на членови го утврдува Комитетот на министри.
2. Членовите на Комитетот се избираат за период од шест години. Тие имаат право на еден реизбор.
3. Член на Комитетот на независни експерти1 кој бил избран да замени член чиј мандат не е истечен, ќе ја има таа позиција до крајот на мандатот на својот претходник.
4. Членовите на Комитетот настапуваат во лично својство. За време на нивниот мандат тие не смеат да извршуваат каква било функција која е неспоива со барањата за независност, непристрасност и достапност, кои се својствени за нивниот мандат.
Член 26
Учество на Меѓународната организација на трудот
Меѓународната организација на трудот ќе биде поканета да номинира еден претставник кој ќе има советодавна функција во донесувањето на одлуките на Комитетот на експерти.
Член 27
Владин комитет
1. Извештаите на страните-договорнички, коментарите и информациите кои се доставуваат во согласност со став 1 од член 23 и став 3 од член 24, како и извештаите на Комитетот на независни експерти1, се доставуваат до Владиниот комитет.
2. Овој комитет е составен од по еден претставник на секоја страна-договорничка. Тој ќе повика најмногу две меѓународни организации на работодавачи и не повеќе од две меѓународни синдикални организации да испратат набљудувачи, кои ќе имаат советодавна функција, на неговите состаноци. Комитетот, исто така, ќе може да повика на консултации претставници на меѓународни невладини организации кои имаат советодавен статус при Советот на Европа и кои се особено квалификувани за прашања коишто се уредени со Повелбата.
3. Владиниот комитет ги подготвува одлуките на Комитетот на министри. Особено, во однос на извештаите на Комитетот на независни експерти1 и на страните-договорнички, тој избира, со давање на причини за својот избор, врз основа на социјална, економска и друга политика, ситуации кои треба според негово мислење да бидат предмет на препораки за секоја од страните-договорнички, во согласност со член 28 од Повелбата. Тој доставува извештај до Комитетот на министри кој ќе биде од јавен карактер.
4. Врз основа на своите наоди за спроведувањето на Социјалната повелба воопшто, Владиниот комитет може да достави предлози до Комитетот на министри кои имаат за цел реализација на истражувања за социјални прашања и за членови од Повелбата кои што може да бидат предмет на ажурирање.
Член 28
Комитет на министри
1. Врз основа на извештајот на Владиниот комитет, Комитетот на министрите донесува резолуција со двотретинско мнозинство од членовите кои имаат право да заседаваат, со право на глас ограничено на страните- договорнички, којашто резолуција го опфаќа целокупниот циклус на надзор и поединечни препораки за секоја од засегнатите страни- договорнички.
2. Имајќи ги предвид предлозите од Владиниот комитет согласно со член 4 од став 27, Комитетот на министри донесува одлуки кои ги смета за соодветни.
Член 29
Парламентарно собрание
Генералниот секретар на Советот на Европа му ги доставува на Парламентарното собрание, со цел одржување на периодични пленарни дебати, извештаите на Комитетот на независни експерти и на Владиниот комитет, како и резолуциите на Комитетот на министри."
Член Д
Колективни жалби
1. Одредбите од Дополнителниот протокол кон Европската социјална повелба утврдуваат систем на колективни жалби кој се применува на обврските дадени во Повелбата за државите кои го ратификувале горенаведениот Протокол.
2. Која било земја која не го прифатила Дополнителниот протокол кон Европската социјална повелба, кој утврдува систем на колективни жалби, може при депонирањето на својот инструмент за ратификација, прифаќање или одобрување на Повелбата или во секој момент потоа, да изјави со известување доставено до Генералниот секретар на Советот на Европа дека прифаќа надзор на своите обврски од Повелбата со примена на постапката утврдена во горенаведениот Протокол.
Постапката за поднесување на колективни жалби е утврдена во Дополнителниот протокол кон Повелбата од 1995 година, а текстот е даден подолу.
Член 1
Страните-договорнички на Протоколот го признаваат правото на следниве организации да поднесат жалби за наводна незадоволителна примена на Повелбата:
а) меѓународните организации на работодавците и синдикалните организации наведени во став 2 од член 27 на Повелбата;
б) други меѓународни невладини организации со советодавен статус во Советот на Европа кои се наоѓаат на списокот изготвен за оваа цел од страна на Владиниот Комитет;
в) репрезентативни национални организации на работодавците и синдикалните организации со територијална надлежност во страната- договорничка против која е поднесена жалбата.
Член 2
1. Секоја страна-договорничка, при изразување на својата согласност за прифаќање на Протоколот, во согласност со одредбите од член 13, или во кој било момент потоа, може да изјави дека го признава правото на која било друга репрезентативна национална невладина организација во рамки на нејзината територијална надлежност со призната стручност за прашањата што се уредени во Повелбата, да поднесе жалба против соодветната страна-договорничка.
2. Таквите изјави може да се даваат за конкретен временски период.
3. Изјавите се депонираат кај Генералниот секретар на Советот на Европа којшто доставува копии од истите до страните- договорнички и ги објавува.
Член 3
Меѓународните невладини организации и националните невладини организации наведени во член 1.б и член 2 соодветно, можат да поднесат жалби во согласност со постапката пропишана со горенаведените одредби, само за оние прашања за кои тие имаат призната стручност.
Член 4
Жалбата се поднесува во писмена форма со наведување на одредбата од Повелбата којашто е прифатена од страната-договорничка и со наведување на аспектите во поглед на кои страната-договорничка не осигурила задоволителна примена на таа одредба.
Член 5
Жалби се доставуваат до Генералниот секретар кој го потврдува приемот на истата, ја известува засегнатата страна-договорничка и веднаш ја доставува до Комитетот на независни експерти.
Член 6
Комитетот на независни експерти може да побара од засегнатата страна-договорничка и од организацијата која ја поднела жалбата да достават во писмена форма информација и забелешки за прифатливоста на жалбата во рамки на временски рок којшто Комитетот ќе го утврди.
Член 7
1. Доколку одлучи дека жалбата е прифатлива, Комитетот на независни експерти1 ги известува страните-договорнички на Повелбата преку Генералниот секретар. Комитетот на независни експерти може да побара од засегнатата страна- договорничка и организацијата која ја поднела жалбата да ги достават, во рамки на временски рок којшто Комитетот ќе го утврди, во писмена форма сите релеватни појаснувања или информации, а од другите страни- договорнички може да побара да достават коментари, доколку сакаат, во истиот временски рок.
2. Доколку жалбата е поднесена од страна на национална организација на работодавците или национална синдикална организација или друга национална или меѓународна невладина организација, Комитетот на независни експерти1, преку Генералниот секретар, ги известува меѓународните организации на работодавците или синдикалните организации наведени во став 2 од член 27 на Повелбата, и ги поканува да поднесат свои забелешки во рамки на временскиот рок којшто ќе го определи.
3. Врз основа на објаснувањата, информациите или забелешките, доставени согласно со ставовите 1 и 2 од овој член, засегнатата страна- договорничка и организацијата којашто ја поднела жалбата можат да достават каква било дополнителна информација или забелешка во писмена форма и во рамки на временски рок којшто ќе го утврди Комитетот на независни
4. Во текот на разгледувањето на жалбата, Комитетот на независни експерти1 може да организира сослушување со претставниците на страните.
Член 8
1. Комитетот на независни експерти изготвува извештај во кој ги опишува преземените чекори за разгледување на жалбата и во кој ги вклучува своите заклучоци за тоа дали засегнатата страна- договорничка обезбедила задоволителна примена на одредбата од Повелбата наведена во жалбата.
2. Извештајот се доставува до Комитетот на министри. Исто така, извештајот се доставува и до организацијата која ја поднела жалбата и до страните-договорнички на Повелбата, кои не смеат да го објават.
Извештајот се доставува и до Парламентарното собрание и се објавува заедно со резолуцијата наведена во член 9, но не подоцна од четири месеци по неговото доставување до Комитетот на министри.
Член 9
1. Врз основа на извештајот на Комитетот на независни експерти1, Комитетот на министри донесува резолуција со мнозинство гласови. Доколку Комитетот на независни експерти, утврди дека Повелбата не се применува на задоволителен начин, Комитетот на министри донесува препорака до засегнатата страна- договорничка, со двотретинско мнозинство гласови. Во двата случаи, правото на глас е ограничено на страните-договорнички на Повелбата.
2. Онаму каде што извештајот на Комитетот на независни експерти покренува нови прашања, на барање на засегнатата страна-договорничка, Комитетот на министри може да одлучи со двотретинско мнозинство гласови на страните- договорнички на Повелбата, да го консултира Владиниот комитет.
Член 10
Засегнатата страна-договорничка во својот следен извештај што го доставува до Генералниот секретар, согласно со член 21 од Повелбата, доставува информација за мерките кои ги презела за спроведување на препораката на Комитетот на министри.
Член 11
Членовите од 1 до 10 од Протоколот се применуваат и на членовите од Дел II на Првиот Дополнителен протокол кон Повелбата во однос на страните-договорнички кон тој Протокол, до степенот до кој се прифатени овие членови.
Член 12
Страните-договорнички на Протоколот сметаат дека првиот став од додатокот кон Повелбата, кој се однесува на Дел III, гласи:
„Се подразбира дека Повелбата содржи правни обврски од меѓународен карактер, чија примена подлежи исклучиво на надзорот утврден во Дел IV од истата и на одредбите од Протоколот.
ПЕТТИ ДЕЛ
Член Е
Антидискриминација
Остварувањето на правата утврдени во Повелбата се обезбедува без каква било дискриминација на која било основа, како што е расната припадност, боја на кожа, пол, јазик, религија, политичко или друго убедување, национална припадност или социјално потекло, здравје, припадност на етничко малцинство, раѓање или друг статус.
Член Ф
Укинување на обврските во случај на војна или јавна опасност
1 Во случај на војна или во случај на друга јавна опасност која претставува закана за опстанокот на нацијата, секоја страна-договорничка може да преземе мерки со кои се укинуваат обврските предвидени во Повелбата, исклучиво во онаа мера предизвикана од ситуацијата и под услов тие мерки да не бидат во спротивност со другите обврски коишто произлегуваат од меѓународното право.
2 Секоја страна-договорничка која го искористила правото на укинување на обврските, во разумен временски рок целосно ќе го информира Генералниот секретар на Советот на Европа за сите мерки што ги презела и за причините што ја натерале на тоа. Страната-договорничка е должна, исто така, да го извести Генералниот секретар за датумот на кој овие мерки престанале да важат и на кој одредбите од Повелбата што ги прифатила целосно стапуваат повторно на сила.
Член Г
Ограничувања
1 По прифаќањето на правата и принципите утврдени во Делот I и нивното ефикасно спроведување, така како што е предвидено во Делот II, тие не можат да бидат предмет на било какви намалувања или ограничувања што не се предвидени во деловите I и II, со исклучок на оние пропишани со закон и оние коишто се неопходни во едно демократско општество, со цел да се гарантира почитување на правата и слободите на другите или да го заштитат јавниот поредок, националната безбедност, јавното здравје или моралот.
2. Ограничувањата кои се дозволени со Повелбата во однос на правата и обврските предвидени со неа, можат да бидат применети само за целите за кои што се предвидени.
Член Х
Односи меѓу Повелбата и домашното право или меѓународните договори
Одредбите од Повелбата не се спротивни на одредбите од домашното право или билатералните или мултилатералните спогодби, конвенции или договори коишто се или ќе стапат во сила, а коишто би биле поповолни за заштитените лица.
Член И
Спроведување на обврските
1. Без да е во спротивност со методите на спроведување предвидени во овие членови, соодветните одредби од членовите од 1 до 31 од Делот II на Повелбата се спроведуваат преку:
а) закони или други прописи;
б) договори помеѓу работодавците или организациите на работодавците и организациите на работниците;
в) комбинација на овие два метода;
г) други соодветни средства.
2. Почитувањето на обврските кои произлегуваат од одредбите од ставовите 1, 2, 3, 4, 5 и 7 од членот 2, ставовите 4, 6 и 7 од членот 7, ставовите 1, 2, 3 и 5 од членот 10 и членовите 21 и 22 од Делот II на Повелбата, се смета дека се исполнети, доколку одредбите се применуваат во согласност со став 1 на овој член, на поголемото мнозинство засегнатите работници.
Член Ј
Измени и дополнувања
1. Каква било измена и дополнување на Деловите I и II на Повелбата со цел проширување на правата гарантирани во неа, како и какви било измени и дополнувања на Деловите од III до VI, предложени од страна-договорничка или од Владиниот комитет, се доставуваат до Генералниот секретар на Советот на Европа, кој ги доставува до страните-договорнички на Повелбата.
2. Каква било измена и дополнување предложени во согласност со одредбите од претходниот став ги разгледува Владиниот комитет кој го доставува прифатениот текст до Комитетот на министри за одобрување по консултација со Парламентарното собрание. По неговото одобрување од страна на Комитетот на министри, текстот се доставува до страните- договорнички за прифаќање на истиот.
3. Каква било измена и дополнување на Делот I и Делот II на Повелбата, стапува на сила, во однос на тие страни-договорнички кои ја прифатиле, на првиот ден од месецот по истекот на период од еден месец по датумот на кој три страни-договорнички го известиле Генералниот секретар за прифаќање на измената и дополнувањето.
Во однос на која било страна-договорничка која последователно ќе ги прифати измената и дополнувањето, истите влегуваат во сила на првиот ден од месецот по истекот на периодот од еден месец по датумот на кој страната- договорничка го известила Генералниот секретар за прифаќање на измената и дополнувањето.
4. Каква било измена и дополнување на Деловите од III до VI на Повелбата, стапува на сила на првиот ден од месецот по истекот на периодот од еден месец по датумот на кој сите страни- договорнички ќе го известат Генералниот секретар за прифаќање на измената и дополнувањето.
ШЕСТИ ДЕЛ
Член К
Потпишување, ратификација и стапување на сила
1. Повелбата е отворена за потпишување од земјите-членки на Советот на Европа. Таа е предмет на ратификација, прифаќање или одобрување. Инструментите за ратификација, прифаќање или одобрување, се депонираат кај Генералниот секретар на Советот на Европа.
2. Повелбата стапува во сила на првиот ден од месецот по истекот на периодот од еден месец по датумот на кој три земји-членки на Советот на Европа ја изразиле својата согласност за прифаќање на Повелбата согласно, со претходниот став.
3. Во однос на која било земја-членка која последователно ќе ја изрази својата согласност за прифаќање на Повелбата, истата стапува во сила на првиот ден од месецот по истекот на периодот од еден месец по датумот на депонирање на инструментот за ратификација, прифаќање или одобрување.
Член Л
Територијална примена
1. Повелбата се применува на матичната територија на секоја страна-договорничка. Секоја потписничка може, во моментот на потпишувањето или во моментот на депонирањето на нејзиниот инструмент за ратификација, прифаќање или одобрување, со изјава доставена до Генералниот секретар на Советот на Европа, да ја прецизира територијата што за таа цел се смета за нејзина матична територија.
2. Секоја потписничка, во моментот на потпишување или депонирање на инструментот за ратификација, прифаќање или одобрувањето на Повелбата или во секој момент потоа, со доставување на известување упатено до Генералниот секретар на Советот на Европа, може да изјави дека Повелбата, во целина или делумно, ќе се применува на онаа или оние нематични територии наведени во споменатата изјава, а за чиишто меѓународни односи е одговорна или превзема меѓународна одговорност. Во споменатата изјава, таа ќе ги наведе посебните членови или ставови од Делот II на Повелбата коишто ги прифаќа, како задолжителни за секоја од териториите наведени во изјавата.
3. Повелбата ќе се применува на територијата или на териториите наведени во изјавата од претходниот став, почнувајќи од првиот ден од месецот по истекот на период од еден месец по датумот на кој Генералниот секретар ќе го прими известувањето за таквата изјава.
4. Секоја страна-договорничка може, во секој момент потоа, со доставување на известување упатено до Генералниот секретар на Советот на Европа, да изјави дека, во однос на една или повеќе територии на кои се применува Повелбата согласно со став 2 од овој член, таа го прифаќа како задолжителен секој наброен член или став што се уште не го прифатила во однос на таа или тие територии. Овие дополнителни обврски кои подоцна се превземени, ќе се сметаат како составен дел на изворната изјава во однос на територијата за која станува збор и ќе ги имаат истите ефекти почнувајќи од првиот ден од месецот по истекот на периодот од еден месец по датумот на прием на таквото известување од страна на Генералниот секретар.
Член М
Откажување
1. Ниту една страна-договорничка не може да ја откаже Повелбата пред истекот на периодот од пет години сметано од датумот на кој Повелбата стапила на сила за таа страна-договорничка, или пред истекот од секој друг дополнителен период од две години, а во секој случај, пред истекот на шестмесечен отказен рок за кој ќе го извести Генералниот секретар на Советот на Европа, кој за оваа ќе ги информира другите страни-договорнички.
2. Секоја страна-договорничка може, согласно со одредбите од претходниот став, да ја откаже примената на секој член или став од Делот II од Повелбата што ги прифатила, под услов бројот на членовите или ставовите со кои страната- договорничка е обврзана да не биде никогаш помал од шеснаесет во првиот случај и од шеесет и три во вториот случај, а бројот на членовите или ставовите да ги содржи членовите избрани од страната-договорничка меѓу оние коишто се посебно наведени во членот А, став 1, алинеја б.
3. Секоја страна-договорничка може да ја откаже Повелбата или секој член или став од делот II од Повелбата согласно условите предвидени во став 1 од овој член, за секоја територија на која се применува Повелбата, врз основа на изјава дадена согласно со став 2, член Л.
Член Н
Додаток
Додатокот кон Повелбата претставува нејзин составен дел.
Член О
Известувања
Генералниот секретар на Советот на Европа ги известува земјите-членки на Советот на Европа и Генералниот директор на Меѓународната организација на трудот за:
а) секое потпишување;
б) депонирањето на инструментот за ратификација, прифаќање или одобрување;
в) секој датум за влегување во сила на Повелбата во согласност со членот К;
г) сите изјави дадени за примени на членот А, ставовите 2 и 3, членот Д, ставовите 1 и 2, членот Ф, ставот 2, членот Л, ставовите 1, 2, 3 и 4;
д) секоја измена и дополнување во согласност со членот Ј;
ѓ) секое откажување согласно со членот М;
е) каков бил друг акт, известување или соопштение во врска со Повелбата.
Како потврда на горенаведеното, потписниците соодветно овластени за истото, ја потпишаа ревидираната Повелба.
Во Стразбур, на 3 мај 1996 година, на англиски и на француски јазик, со тоа што обата текста се еднакво веродостојни, во еден единствен примерок што ќе биде депониран во архивите на Советот на Европа. Генералниот секретар на Советот на Европа доставува заверена копија до сите земји- членки на Советот на Европа и до Генералниот директорат на Меѓународната организација на трудот.
Додаток кон Европската социјална повелба (ревидирана)
Делокруг на Европската социјална повелба (ревидирана) во поглед на интересите на заштитените лица
1. Без да бидат повредени одредбите на членот 12, ставот 4 и членот 13 ставот 4, за лица опфатени во членовите од 1 до 17 и од 20 до 31 се сметаат и странците само доколку се државјани на другите страни-договорнички и доколку легално престојуваат или работат на територијата на определената страна- договорничка, при што се разбира дека наведените членови треба да се толкуваат во смисла на одредбите од членовите 18 и 19.
Ова толкување не го исклучува проширувањето на слични права на други лица од која и да е страна-договорничка.
2. Секоја страна-договорничка на бегалците кои се опфатени со дефиницијата во Женевската конвенција од 28 јули 1951 година, што се однесува на статусот на бегалците и во Протоколот од 31 јануари 1967 година, кои легално престојуваат на нејзината територија, ќе им даде што е можно поповолен третман, а во секој случај не помалку поволен од оној на кој таа е обврзана согласно со горенаведената Конвенција, како и согласно со сите други постојни меѓународни инструменти коишто се применуваат на погоре споменатите бегалци.
3. Секоја страна-договорничка на лицата без државјанство кои се опфатени со дефиницијата од Конвенција за статусот на лицата без државјанство од 28 септември 1954 година потпишана во Њујорк, кои легално престојуваат на нејзината територија, ќе им даде што е можно поповолен третман, а во секој случај не помалку поволен од оној на кој таа е обврзана согласно со горенаведената Конвенција, како и согласно сите други постојни меѓународни инструменти коишто се применуваат на погоре споменатите лица без државјанство.
Дел I, став 18 и Дел II
Член 18, став 1
Се разбира дека овие одредби не се однесуваат на влегувањето на територијата на страните-договорнички и со нив не се врши повреда на одредбите од Европската конвенција за населување, потпишана во Париз на 13 декември 1955 година.
Дел II
Член 1, став 2
Оваа одредба нема да се толкува ниту во смисла дека ги забранува, ниту дека ги дозволува условите или практиката на синдикалната сигурност.
Член 2, став 6
Страните можат да утврдат дека оваа одредба нема да се применува:
а) на работници кои имаат склучено договор или работен однос чиешто вкупно времетраење не надминува еден месец и/или работна недела којашто не надминува осум часа;
б) кога договорот или работниот однос е од неформална и/или специфична природа, под услов во такви случаи непримената на одредбата да е оправдана со објективни причини.
Член 3, став 4
Се разбира дека за целите на оваа одредба, функциите, организацијата и условите за работа на овие служби, се утврдуваат со национални закони или прописи, колективни договори или други средства соодветни на националните услови.
Член 4, став 4
Оваа одредба ќе биде толкувана во смисла дека не се забранува моментално отпуштање во случај на тешка повреда на работните обврски.
Член 4, став 5
Се разбира дека секоја страна-договорничка може да преземе обврска согласно со овој став, доколку одбитоците од платите се забранети за најголемиот број работници, или со закон или со колективен договор или арбитражна одлука, а единствени исклучоци се лицата кои не се опфатени во тие инструменти.
Член 6, став 4
Се разбира дека секоја засегната страна- договорничка може за себе со закон да го уреди користењето на правото на штрајк, под услов секое друго евентуално ограничување на ова право да може да биде оправдано врз основа на членот Г.
Член 7, став 2
Со оваа одредба не се спречуваат страните- договорнички да утврдат во нивното законодавство дека младинците кои не ја навршиле минималната возраст да можат да работат, доколку тоа е апсолутно неопходно за нивната стручна подготовка и кога таквата работа се врши во согласност со условите пропишани од надлежниот орган и се преземени мерки за заштита на здравјето и безбедноста на овие младинци.
Член 7, став 8
Се смета дека страната-договорничка ја исполнила обврската предвидена во овој став, ако во согласност со духот на таа обврска, во своето законодавство утврди дека големо мнозинство малолетници до 18 години нема да бидат вработувани на ноќна работа.
Член 8, став 2
Оваа одредба нема да се толкува како утврдување на апсолутна забрана. Исклучоци можат да бидат направени, на пример, во следниве случаи:
а) доколку вработената работничка е виновна за злоупотреба на службена должност со што се оправдува престанокот на работниот однос;
б) доколку засегнатото претпријатие престане да работи;
в) доколку истекол периодот утврден во договорот за вработување.
Член 12, став 4
Зборовите "и под услови предвидени во тие договори" во воведот на овој став значат помеѓу другото дека во поглед на бенефициите кои се на располагање независно од каков било придонес за осигурување, страната-договорничка може да бара да истече пропишаниот период на престој, пред да овозможи такви бенефиции на државјани на други страни-договорнички.
Член 13, став 4
Владите кои не се потписнички на Европската конвенција за социјална и медицинска помош, можат да ја ратификуваат Повелбата во поглед на овој став, под услов да им овозможат на државјаните на другите страни-договорнички третман кој е во согласност со одредбите од наведената Европска конвенција.
Член 16
Се подразбира дека заштитата дадена во оваа одредба ги опфаќа и семејствата со самохрани родители.
Член 17
Се подразбира дека оваа одредба ги опфаќа сите лица под 18 години, освен доколку согласно со применливите закони полнолетството не се достигнува порано, без да е во спротивност со други посебни одредби утврдени во Повелбата, особено со членот
Тоа не наметнува обврска за обезбедување на задолжително образование до горенаведената возраст.
Член 19, став 6
За целите на примената на оваа одредба, поимите "семејство на работникот мигрант" се толкуваат така што ги подразбираат најмалку сопругата на работникот и неговите деца кои не стапиле во брак, се додека истите се сметаат за малолетни во земјата на престој и ги издржува работникот мигрант.
Член 20
1. Се подразбира дека за прашањата поврзани со социјалната сигурност, како и други одредби поврзани со надоместот за невработеност, надоместот за стари лица и постојаната парична помош, можат да бидат исклучени од делокругот на примена на овој член.
2. Одредбите кои се однесуваат на заштитата на жените, особено во поглед на бременоста, породувањето и постнаталниот период, нема да се сметаат за дискриминација како што е наведено во овој член.
3. Овој член не спречува донесување на посебни мерки кои имаат за цел отстранување на Ље јас1о нееднаквостите.
4. Професионалните дејности, кои поради својата природа или во контекст во кој се извршуваат, може да се доверат само на лица од одреден пол, можат да бидат исклучени од делокругот на примената на овој член или на некои од неговите одредби. Оваа одредба нема да се толкува како барање до страните-договорнички да донесат закони или прописи кои содржат список на занимања кои поради својата природа или во контекстот во кој се извршуваат, можат да се доверат само на лица од одреден пол.
Членови 21 и 22
1. За целите на примена на овие членови, поимот "претставници на работниците" значи лица кои се признати како такви, согласно со националното законодавство или практика.
2. Поимите "националното законодавство и практика" во зависност од случајот, покрај законите и прописите, ги вклучуваат и колективните договори, другите договори помеѓу работодавците и претставниците на работниците, обичајното право како и релевантните судски одлуки.
3. За целите на примена на овие членови, поимот "претпријатие" се однесува на група на материјални и на нематеријални компоненти, со или без правно својство, формирано за производство на стоки или за обезбедување на услуги за финансиска добивка и со моќ да ја определи својата сопствена пазарна политика.
4. Се подразбира дека верските заедници и нивните институции можат да бидат исклучени од делокругот на примената на овие членови, дури и ако овие институции се "претпријатија" во смисла на ставот 3. Претпријатијата коишто вршат дејности инспирирани од одреден идеал или се водени од одредени морални концепти, идеали и концепти кои со заштитени со националното законодавство, можат да бидат исклучени од делокругот на примена на овие членови до степенот кој е неопходен за да се заштити таквата ориентација на претпријатието.
5. Се подразбира, дека во оние држави каде правата утврдени во овие членови се остваруваат во различни компоненти на претпријатието, ќе се смета дека засегнатата страна-договорничка ги исполнува обврските кои произлегуваат од овие одредби.
6. Страните-договорнички можат да ги исклучат од делокругот на примена на овие членови оние претпријатија кои вработуваат помалку од одреден број на работници, што треба да се утврди во националното законодавство или практика.
Член 22
1. Оваа одредба не влијае ниту на моќта и обврските на државите во поглед на донесувањето на прописи за здравје и безбедност на работното место, ниту моќта и одговорностите на страните одговорни за следење на нивната примена.
2. Поимите "социјални и социо-културни служби и погодности" се однесуваат на социјални и/или културни средства за работниците кои ги обезбедуваат некои претпријатија, како што се социјална помош, спортски терени, простории за мајки доилки, библиотеки, кампови за одмор на деца, и сл.
Член 23, став 1
За целите на примена на овој став, поимот "колку што е можно подолго" се однесува на физичките, психолошките и интелектуалните способности на постарите лица.
Член 24
1. Се подразбира дека за цели на овој член поимите "престанок на работниот однос" и "престанал" значи престанок на работен однос на иницијатива на работодавецот.
2. Се подразбира дека овој член ги опфаќа сите работници, но страната-договорничка може да ги исклучи од неговата заштита некои или сите долунаведени категории на вработени лица:
а) работници ангажирани со договор за вработување на определен временски период или за специфична задача;
б) работници на пробен период или период за квалификација за вработување, под услов таквиот период да е однапред утврден и да е со разумно времетраење;
в) работници кои се неформално ангажирани за краток временски период.
3. Особено за целите на овој член, причините наведени подолу не претставуваат оправдана причина за престанок на работниот однос:
а) членство во синдикална организација или учество во активности на синдикална организација надвор од работно време, или со согласност од работодавецот, во рамки на работното време;
б) кандидирање за дејствување или претходно дејствување во својство на претставник на работниците;
в) поднесување на жалба или учество во постапки против работодавецот, кои вклучуваат наводно прекршување на законите или прописите или обраќање до надлежните управни органи;
г) раса, боја на кожа, пол, брачен статус, семејни обврски, бременост, верска припадност, политички убедувања, национална припадност или социјално потекло;
д) породилно или родителско отсуство;
ѓ) привремено отсуство од работа поради болест или повреда.
4. Се подразбира дека надоместот или другата соодветна помош во случај на престанок на работниот однос без оправдана причина, се уредува со националните закони или прописи, колективните договори или други средства соодветни на националните услови.
Член 25
1. Се подразбира дека надлежната национална власт, со изземање и по консултирање на организациите на работодавците и на работниците, може да исклучи одредени категории на работници од заштитата која е утврдена во оваа одредба, поради посебната природа на нивниот работен однос.
2. Се подразбира дека дефиницијата на поимот "несолвентност" мора да биде утврдена со национален закон и практика.
3. Побарувањата на работниците опфатени со оваа одредба вклучуваат најмалку:
а) побарувања на работниците за плати кои се однесуваат на одреден период, кој нема да изнесува помалку од три месеци во привилегиран систем и осум недели во гарантиран систем, пред настапување на несолвентноста или престанокот на работниот однос;
б) побарувања на работниците за плаќање на надомест за годишен одмор, како резултат на работа извршена во текот на годината во која настанала несолвентноста или престанокот на работниот однос;
в) побарувања на работниците за износи кои им се должат за други видови на платено отсуство кои се однесуваат на одреден период, кој нема да изнесува помалку од три месеци во привилегиран систем и осум недели во гарантиран систем, пред настапување на несолвентноста или престанокот на работниот однос;
4. Националните закони или прописи можат да ја ограничат заштитата на побарувањата на работниците на одреден износ, кој е на социјално прифатливо ниво.
Член 26
Се подразбира дека овој член не бара страната- договорничка да донесе одредено законодавство.
Се подразбира дека став 2 не опфаќа сексуално вознемирување.
Член 27
Се подразбира дека овој член се однесува на мажи и жени работници со семејни обврски во однос на нивните деца кои ги издржуваат, како и во однос на други членови на нивното потесно семејство на кои очигледно им е потребна грижа или поддршка, кога таквите обврски ги ограничуваат нивните можности за подготовка, вклучување, учество или напредување во економска активност. Поимите "деца кои ги издржуваат" и "други членови на нивното потесно семејство на кои очигледно им е потребна грижа и поддршка" значат лица кои се дефинирани како такви во националното законодавство на засегнатата страна-договорничка.
Членови 28 и 29
За целите на примена на овие членови, поимот "претставници на работниците" значи лица кои се признати како такви, согласно со националното законодавство или практика.
Дел III
Се подразбира дека Повелбата содржи правни обврски од меѓународен карактер, чија примена подлежи единствено на контролата утврдена во Дел IV од истата.
Член А, став 1
Се подразбира дека наброените ставови може да вклучуваат членови кои содржат само еден став.
Член Б, став 2
За целите на ставот 2 од членот Б, одредбите од ревидираната Повелба соодетствуваат со одредбите на Повелбата со ист број на член или став со исклучок на:
а) членот 3, ставот 2 од ревидираната Повелба кој одговара на членот 3, ставовите 1 и 3 на Повелбата;
б) членот 3, ставот 3 од ревидираната Повелба кој одговара на членот 3, ставовите 2 и 3 на Повелбата;
в) членот 10, ставот 5 од ревидираната Повелба кој одговара на членот 10, ставот 4 на Повелбата;
г) членот 17, ставот 1 од ревидираната Повелба кој одговара на членот 17 на Повелбата;
Дел V
Член Е
Различен третман базиран на објективни и разумни причини нема да се смета за дискриминација.
Член Ф
Поимите "во случај на војна или во случај на друга јавна опасност" се толкуваат така што ја покриваат и заканата од војна.
Член И
Се подразбира дека работниците исклучени во согласност со додатокот кон членовите 21 и 22 не се земени предвид во утврдување на бројот на засегнати работници.
Член J
Поимот "измена и дополнување" е проширен за да го опфаќа и додавањето на нови членови кон Повелбатa.
Член 19, став 6