Додека новата Влада е посветена на законски измени во областа на социјалата и бара модел како да го унапреди социјалното претприемништво, граѓанските организации се обидуваат преку обуки да им помогнат на социјално и економски ранливите категории и да ги направат конкурентни на пазарот на труд.
Во последните пет години во Македонија 28 убиства се заведени како семејно насилство. Билтените на МВР секојдневно се полни со инциденти во кои се претепани жени, сопруги, девојки.
Во изминатите десетина години граѓанските движења направија огромни промени во општеството. Тие беа гласот на јавноста што одекнуваше низ улиците и на социјалните мрежи, во време кога многу тешко можеше да се слушнат барањата на граѓаните во медиумите. Почнуваа партизански, беа осамени во нивните битки и затоа многу полесно беа потиснувани од власта.
Независната културна сцена се повеќе зема замав во исполнување на мисијата за отворање на општествено важни теми. Соочени со низа проблеми на патот кон целта, граѓанските организации за култура и уметност немаат намера лесно да се откажат во промоцијата на алтернативната сцена како пандан на комерцијалната.
Почнавме и нашата добрина да ја искажуваме во пари. Но, вистинскиот придонес кон нашата заедница, за среќа, сепак се мери колку ние се вложуваме во неа. На крајот, само нашиот личен придонес ја менува реалноста кон подобро за останатите наши сограѓани. Навидум две различни приказни, кои сепак го потврдуваат тоа.
Граѓанските организации постојано бараат нови начини да ги промовираат своите активности. Во изминативе години, организациите кои користеа т.н. „герила“ акции забележаа успех во привлекувањето на вниманието во јавноста.
Стотици луѓе кои беа осудени во изминатите десетина години сметаат дека се жртви на полициско - политички монтирани процеси. Осудениците од случаите познати како „Калдрма“, „Детонатор“, „Бачило“, „Метастаза“ и многу други бараат повторно да им се суди со цел да добијат шанса да ја докажат својата вистина и невиност.
Секој ден поминат во еден од бегалските кампови во земјава е ден полн со неизвесност за бегалците. Да останат и да чекаат или да се вратат во Грција, со надеж дека од земја членка на Европската Унија полесно ќе стигнат до некоја од западноевропските земји е прашањето што ги мачи со месеци.
Проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, го спроведуваат Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија.
Проектот е финансиран од Европската Унија, преку Европскиот инструментот за демократија и човекови права (ЕИДХР).
Оваа веб-страница е изработена со поддршка од Европската Унија. Содржината на оваа веб-страница е одговорност единствено на Институтот за медиуми и различности од Лондон и на никаков начин не ги одразува гледиштата на Европската Унија.