Десетици лекари секоја година продолжуваат да ја напуштаат Македонија, во потрага по подобри услови за работа и повисоки плати во странство.
Овој егзодус на лекарите и здравствените работници веќе се чувствува во многу делови од земјата - цели региони се без лекари, а некогашните амбуланти зјаат празни. Состојбата е особено критична кај гинеколозите - од летово, речиси целата скопска околина е без матичен гинеколог, затоа што ниту еден млад лекар не прифаќа да работи во примарното здравство.
Видеото со превод на албански јазик е достапно ТУКА.