Во последните пет години во Македонија 28 убиства се заведени како семејно насилство. Билтените на МВР секојдневно се полни со инциденти во кои се претепани жени, сопруги, девојки.
Само во првите шест месеци од оваа година, полицијата поднела кривични пријави против вкупно 388 лица за семејно насилство. Од нив, дури во 94 отсто од случаите насилниците се мажи. Невладините организации со години предупредуваат дека закон има на хартија, но недостасува интегриран систем на институции кои го третираат овој проблем. Владата најави дека ќе се заложи за решавање на овој проблем преку ратификување на Истанбулската конвенција, меѓународен документ кој ги обврзува државите да ги преземат сите мерки за заштита на жртвите на семејно насилство и казнување на сторителите.
Видеото со превод на албански јазик е достапно ТУКА.