Поради влошената здравствена состојба на новинарот Кежаровски, Основниот суд по барање на одбраната одлучи тој да биде во домашен притвор до почетокот на издржување на затворската казна.
Поради влошената здравствена состојба на новинарот Кежаровски, Основниот суд по барање на одбраната одлучи тој да биде во домашен притвор до почетокот на издржување на затворската казна.
Преку вистински пребарувања на Гугл може да се открие широката распространетост на сексизмот и на дискриминацијата врз жените. Врз база на пребарувањата направени на 9 март годинава, се откриваат низа негативни портретирања на жените - од стереотипи до отворено негирање на правата на жените.
Македонија се уште не размислува да чекори по примерот на Германија, во однос на регистрацијата на новороденчоњата, со оглед на тоа што бројот на ваквите бебиња е многу мал, велат лекарите што се занимаваат со оваа проблематика.
Во Македонија не постои централна база на податоци колку од децата се исклучени од образовниот процес и колку од нив се на улица
Извор: Утрински весникМало девојче на раскрсницата кај ТЦ „Мавровка“ во Скопје чека да се вклучи црвеното светло на семафорот, по што веднаш се стрчува кон возилата. Во левата рака има сунѓер, во десната бришач. Без да ги праша возачите, им го брише ветробранското стакло. Некои и' подвикнуваат, други ќе свирнат, трети ќе извадат десет денари и ќе и' „платат“ за трудот. Додека ја чека следната тура, вели дека се вика Сара. Раскажува дека нема мајка и татко, никогаш не ги видела. Живее со подалечни роднини во трошна куќа во Шутка. Има постар брат. Сара има седум години, ама не оди на училиште. Секој ден е на улица. Или брише шофершајбни или питачи. Парите што ќе ги заработи ги носи дома.
Проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, го спроведуваат Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија.
Проектот е финансиран од Европската Унија, преку Европскиот инструментот за демократија и човекови права (ЕИДХР).
Оваа веб-страница е изработена со поддршка од Европската Унија. Содржината на оваа веб-страница е одговорност единствено на Институтот за медиуми и различности од Лондон и на никаков начин не ги одразува гледиштата на Европската Унија.