Изминатата сабота, на отворената сцена во Домот на млади во Штип, беше одиграна инклузивната претстава „Пепелашка“, во која главните улоги ги играат деца со попреченост.
Претставата ја подготви танцовото инклузивно студио „Еурека“, а делумно е помогната преку проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“ кој го спроведуваат Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидски организации на Македонија. Овој проект е финансиски поддржан од Европската Унија.
Поддршка за одржувањето на претставата во Штип обезбедија:
Дом на млади – Штип
Град Скопје
Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП)
Општина Штип
Радио Канал 77
ТВ Ирис
Национална опера и балет
ГО „Мобилност“, Штип
ЦПЛИП - „Порака“, Струмица
ЦПЛИП - „Порака“, Радовиш