Меѓуопштинското здружение на лица со телесен инвалидитет Мобилност Кочани подготви кратки видеа за значењето на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост на ОOН, од аспект на поттикнување и промовирање на подобри општествени условите и можности за лицата со попреченост.
Конвенцијата е силен ветер во грб за лицата со попреченост:
Пристапноста - услов без кој не се може:
Активностите од проектот ,,Запознај ја конвенцијата – силниот ветер во грб за лицата со инвалидност,, на Меѓуопштинското здружение на лица со телесен инвалидитет за општините:Кочани Виница Берово и Делчево - МОБИЛНОСТ КОЧАНИ, се поддржани преку грант-програмата на проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, што го спроведува Институтот за различности и медиуми од Лондон, во партнерство со Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации од Македонија, а со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината е единствена одговорност на авторот и во никој случај не може да се смета дека ги одразува ставовите на Европската Унија.