Лица со оштетен вид, во придружба на искусни планинари од здружението „Натура МК“, го искачуваа Водно, овој пат во попладневни и ноќни услови, по Цветкова патека.
Погледнете неколку фотографии од оваа авантура:
Активностите од проектот „Осети природа“ на Здружението „НАТУРА МК“ од Скопје, се поддржани преку грант-програмата на проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, што го спроведува Институтот за различности и медиуми од Лондон, во партнерство со Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации од Македонија, а со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината е единствена одговорност на авторот и во никој случај не може да се смета дека ги одразува ставовите на Европската Унија.