„Заедно до медали“ е видео проект, со која ја следиме делгацијата на Специјална олимпијада Македонија и нејзините тимови пред и по Летните олимписки игри на Специјална олимпијада Абу Даби 2019.
Оваа сторија го претставува атлетскиот тим, предводен од тренерот Ифраим Лута и атлетите Вилдане Ахмети, Сара Дураку, Агрон Ајредини и Ардијан Шабани, кои учествуваа на олимпијадата и освоија сребрен медал во трката на 200 метри и бронзен медал во трката на 50 метри за Сара Дураку и сребрен медал на траката на 25 метри и бронзен на 50 метри за Ардијан Шабани.
Активностите од проектот „Заедно до медали“ на Здружението „Специјална Олимпијада Македонија“, се поддржани преку грант-програмата на проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, што го спроведува Институтот за различности и медиуми од Лондон, во партнерство со Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации од Македонија, а со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината е единствена одговорност на авторот и во никој случај не може да се смета дека ги одразува ставовите на Европската Унија.