Здружението на слепи лица од Кичево, како дел од кампањата „Човекот кој не гледа, не е невидлив“, подготви кратко видео за проблемите и предизвиците на лицата со оштетен вид.
Видеото кое што беше емитувано на локалната телевизија „Ускана“ од Кичево може да го погледнете во продолжение:
Активностите од проектот „Човекот кој не гледа, не е невидлив“ на Здружението на слепи лица од Кичево, се поддржани преку грант-програмата на проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, што го спроведува Институтот за различности и медиуми од Лондон, во партнерство со Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации од Македонија, а со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината е единствена одговорност на авторот и во никој случај не може да се смета дека ги одразува ставовите на Европската Унија.