Наѓенка Туторов Апостоловска е мајка на Вера, средношколка со церебрална парализа. Во интервјуто со Наѓенка зборувавме за мисионерската и активистичка страна на мајките на лица со попреченост, за дневните предизвици со коишто се соочува нејзината ќерка во поглед на адаптација на физичкиот простор, но исто така и за позитивните аспекти на кои што Наѓенка е горда на својата ќерка.
Активностите од проектот „Медиумско претставување на мајки на лица со попреченост“ на Здружение за едукативен развој ЕКВАЛИС од Скопје, се поддржани преку грант-програмата на проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, што го спроведува Институтот за различности и медиуми од Лондон, во партнерство со Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации од Македонија, а со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината е единствена одговорност на авторот и во никој случај не може да се смета дека ги одразува ставовите на Европската Унија.