Ова е приказна од секојдневието. Ја напишавме со причина. Во еден град живееле многу луѓе. Тие не биле исти. Поточно, воопшто не биле еднакви. На прв поглед имало две групи.
На едната страна биле луѓето што имале се што ќе посакаат, а на другата луѓето што го имале тоа што им треба, но не го добивале тоа што го сакаат. Посебните луѓе живееле во високите згради во центарот или во големите куќи на ридот. Обичните луѓе живееле во квартовите околу нив. Секој ден тие можеле да гледаат како живеат посебните и колку повеќе нешта им се овозможени...
Активностите од проектот „Замислете ако“ на Здружението за промоција и унапредување на културните вредности „Конфиденс“ од Скопје, се поддржани преку грант-програмата на проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, што го спроведува Институтот за различности и медиуми од Лондон, во партнерство со Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации од Македонија, а со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината е единствена одговорност на авторот и во никој случај не може да се смета дека ги одразува ставовите на Европската Унија.