Пред една недела пееја, а сега спортуваат. На спортските терени во училиштето „Климент Охридски“, членовите на здружението „Порака“ организираа спортски натпревари заедно со нивни соученици од други училишта.
Претседателката на здружението вели дека тие не покажуваат, туку докажуваат дека и спортот не е пречка за лицата со попреченост.
Психолозите велат дека креирањето на амбиент во кој што лицата со попреченост ќе ги остваруваат своите основни човекови права е наша обврска како општество, а не е никаква нивна привилегија, туку неприкосновено човеково право.
Извор: ТВ Тера Битола
Активностите од проектот „Ние можеме и сакаме да пееме“ на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“, се поддржани преку грант-програмата на проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, што го спроведува Институтот за различности и медиуми од Лондон, во партнерство со Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации од Македонија, а со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината е единствена одговорност на авторот и во никој случај не може да се смета дека ги одразува ставовите на Европската Унија.