Образованието и вработувањето на лицата со посебни потреби е темата на третата емисија од серијалот „Зборуваме за хендикепот“. Во емисијата зборуваме за условите за школување на децата со посебни потреби, за специјалните паралелки во училиштата, за инклузијата на овие деца во редовната настава, за можностите каде да го продолжат школувањето по завршувањето на основното образование.
Вработувањето на лицата со посебни потреби е посебен проблем со кој се среќаваат овие лица. Какви се можностите за нивно вработување, дали и како можат да отворат сопствен бизнис, какви поволности нуди државата за нивно вработување, дали сакаат работодавците да вработуваат лица со посебни потреби, колку лицата со посебни потреби се подготвени и сакаат да влезат во светот на бизнисот?
За овие теми разговараме со Ахмет Ќазими, раководител на секторот за Јавни дејности при Општина Тетово и Томислав Трифуновски од тетовската подружница на Агенцијата за вработување.
Активностите од проектот „Зборуваме за хендикепот “ на Здружението за Церебрална парализа од Тетово, се поддржани преку грант-програмата на проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, што го спроведува Институтот за различности и медиуми од Лондон, во партнерство со Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации од Македонија, а со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината е единствена одговорност на авторот и во никој случај не може да се смета дека ги одразува ставовите на Европската Унија.