Како голем херој, на англиски јазик ја отпеа песната „Херој“ (Hero) од Витни Хјустон покажувајќи ја својата љубов кон музиката. Младата битолчанка Елена Петровска од Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ од Битола настапи на манифестацијата „Можеме и сакаме да пееме“, како дел од кампањата „Попреченоста е прашање на перцепција“.
„Многу сум радосна што можам да пеам и не само тоа туку и да настапувам пред публиката. Испеав неколку песни, а за првпат на англиски јазик“, рече Елена. Девојката покрај музичкиот дел имаше подготвено и сценски движења како мноу други интерпретатори, а и изговорот на англиски јазик, иако претходно не го изучувала ѝ беше добар.
Девојката покрај музичкиот дел имаше подготвено и сценски движења како мноу други интерпретатори, а и изговорот на англиски јазик, иако претходно не го изучувала ѝ беше добар.
„По осум часа дневно се подготвуваше за настапот. Членовите на ‘Порака’ се подготвуваа неколку месеци заедно со музиката. За англискиот јазик многу ни помогна Симона Јовеска која има приватно училиште за странски јазици ‘Лотус’, а од ‘Анастасија Центар’ ни помогнаа со обука на децата за пеење. Ова е одлична можност да се подигне свеста кај народот дека овие деца можат да ги развиваат своите таленти како и другите луѓе“, рече Оливера Петровска, мајка на Елена.
Елена заедно со други лица со интелектуална попреченост ги изведоа и „Цреша“ од Тоше Проески, народната „Јовано, Јованке“, како и други песни на англиски јазик.
Целиот текст може да го прочитате на информативниот портал „Сакам да кажам“.