Здружението за Церебрална парализа од Тетово, во соработка со регионалната телевизија „Кисс“ ја објави втората епизода од серијалот „Зборуваме за хендикепот“, на тема „Спортот и лицата со попреченост“.
Емисијата, која премиерно е објавена на ТВ „Кисс“ може да ја погледнете во продолжените:
Активностите од проектот „Зборуваме за хендикепот “ на Здружението за Церебрална парализа од Тетово, се поддржани преку грант-програмата на проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, што го спроведува Институтот за различности и медиуми од Лондон, во партнерство со Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации од Македонија, а со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината е единствена одговорност на авторот и во никој случај не може да се смета дека ги одразува ставовите на Европската Унија.