Вештините на рачна изработка, кои со векови се пренесуваат од генерација на генерација, и во современи услови на живеење може да овозможат економска корист. Токму таков е примерот со жените од реканскиот крај.
Тие, својот талент и креативност го користат за да станат финансиски самостојни и да се чувствуваат општествено продуктивни. Оваа видео приказна го доловува неисцрпното богатство и традиција што ја негуваат реканските жени, кои по своите производи се веќе познати и во земјата и во странство.
Видеото со превод на албански јазик е достапно ТУКА.