Спречување на дискриминацијата, подобар пристап до образованието, поголема здравствена и социјална заштита, пристапност до сите институции и установи, зголемување на бројот на толкувачи, побараа денеска претставниците на седумте здруженија на лицата со различен вид инвалидност.
На средбата што ја оранизираше Националниот совет на инвалидски организации во Македонија организирана по повод Меѓународниот ден на лицата со инвалидност на тема „ОН Конвенцијата за правата на лицата со инвалидност – 2 години од ратификацијата, каде сме и кои се нашите цели“, тие истакнаа оти иако работите се подобруваат во последните години треба и натаму да се работи на подобрувањето на условите за живот на овие лица.
Целата статија може да ја прочитате на веб - страницата на Канал 5