Граѓански вести

    Новороденче ќе оди во домот под отворено небо

    Скопјанецот Нури Асан (41), кој е глувонем, заедно со неговата исто така глувонема десетгодишна ќерка Фатима, речиси една година живеат под натстрешник на отворено над чешмичката кај црквата „Света Петка“ во Црниче. Неговата сопруга во моментот е во болница каде што пред неколку дена се породила и денеска ќеркичката треба да си дојде во својот дом - кој го нема.

    Семејството Асан животот го тера во импровизирано живеалиште од картон, обложено со најлон. Под отворено небо готват, јадат, спијат. Имаат еден кревет, еден душек на земјата, чинии и прибор за јадење, уредно наместени и покриени. Неговите соседи им дале и креденец, а надвор се гледаат и велосипедот и играчките со кои некогаш си играла неговата ќерка, кои беа завиткани во најлон. 

    Целата статија може да ја прочитате на веб - страницата на Дневник

    Проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, го спроведуваат Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија.

    Проектот е финансиран од Европската Унија, преку Европскиот инструментот за демократија и човекови права (ЕИДХР).

    euflagEUsoTEBE2

     

     

     

    Оваа веб-страница е изработена со поддршка од Европската Унија. Содржината на оваа веб-страница е одговорност единствено на Институтот за медиуми и различности од Лондон и на никаков начин не ги одразува гледиштата на Европската Унија.

    © 2018 Aktiv.mk. All Rights Reserved.