Лицата со оштетен вид преку допир на тактилни слики може да ја почувствуваат убавината на фреските, иконите, мозаиците од Хераклеја, како и на други експонати кои се дел од постојаната поставката на битолскиот Завод и музеј.
Стевче Костадиновски е слепо лице кое вели дека фактот што некој после 50, 60 или 70 години може да ја види уметноста и кулутрното наследство е непроценливо нешто.
Слепите лица оваа можност преку допир да доловат дел од културното наследство ја доживејаа со многу емоции. И не само тоа, тие изработиле и глинени предмети.
Проектот е на битолскиот Завод и музеј, од каде велат дека работат на инклузивни процеси за културното наследсво да се доближи до лицата со попреченост.
Тимот кој ги изработи тактилните слики овие вештини ги стекнал на обуки со странски експерти. Тимот е меѓународен, експерти од Битола односно Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска.
Покрај тактилните претстави за Хераклеја и изложбата на тактилни слики од експонати и објекти, во следните месеци ќе се реализра и проектот за презентација на предмети со знаковен јазик во 3Д модел со аудио и видео поддршка, кој ќе биде наменет за лица со различни попречености.
Сторијата е подготвена во рамки на проектот „Попреченоста е само прашање на перцепција“, што го спроведува Институтот за различности и медиуми од Лондон, во партнерство со Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации од Македонија, а со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината е единствена одговорност на авторот и во никој случај не може да се смета дека ги одразува ставовите на Европската Унија.