Усвоена и прокламирана од Генералното Собрание на ОН
со резолуција 217А(III) на 10 декември 1948
Преамбула
Бидејќи признавањето на вроденото достоинство и еднаквите и неотуѓиви права на сите членови на човековото семејство е темел на слободата, правдата и мирот во светот,
Бидејќи непочитувањето и презирањето на правата на човекот водело кон варварски постапки кои ја навредувале совеста на човештвото, и бидејќи создавањето на свет во кој човечките суштества ќе уживаат слобода на говор и вероисповед и ќе бидат слободни од страв и немаштина е прогласено за највисок идеал на секој човек,
Бидејќи е важно правата на човекот да бидат заштитени со правниот систем за да не биде човекот натеран да се побудни против тиранијата и угнетувањето,
Бидејќи е важно да се поттикнува развојот на пријателските односи меѓу народите,
Бидејќи народите на Обединетите Нации во Повелбата повторно ја потврдија својата вера во основните права на човекот, во достоинството и вредноста на човековата личност и рамноправноста на мажот и жената и бидејќи решија да го поттикнат општествениот напредок и да ги подобрат условите на живот во поголема слобода,
Бидејќи државите членки се обврзале во соработка со Обединетите Нации да го обезбедат општото почитување и примена на човековите права и основни слободи,
Бидејќи општото разбирање на овие права и слободи е од најголема важност за полно остварување на оваа обврска,
Генералното Собрание,
Ја прогласува оваа Универзална Декларација за правата на човекот како заедничкистандард кој треба да го постигнат сите народи и сите нации со што секој поединец и секојорган на општеството, имајќи ја постојано предвид оваа Декларација, би тежнеел низ учењетои воспитувањето да придонесе за почитување на овие права и слободи и со постапнинационални и меѓународни мерки да биде обезбедено нивното општо и вистинско признавањеи почитување како меѓу народите на самите држави членки, така и меѓу народите на ониетеритории под нивна јурисдикција.
Член 1
Сите човечки суштества се раѓаат слободни и еднакви во достоинството и правата. Тиесе обдарени со разум и совест и треба едни кон други да постапуваат во духот на братството.
Член2
Сите права и слободи прогласени во оваа Декларација му припаѓаат на секое лице безразлика во поглед на расата, бојата на кожата, полот, јазикот, вероисповедта, политичкото илидруго мислење, националното и општественото потекло, имотната состојба, раѓањето или билокои други услови.Понатаму, нема да се прави никаква разлика на основа на политичкиот, правниот илимеѓународниот статус на земјата или теоријата на која и припаѓа некое лице, било да енезависна, под старателство, несамоуправна или да се наоѓа под кои било други ограничувањана сувереноста.
Член 3
Секој има право на живот, слобода и безбедност на личноста.
Член 4
Никој не смее да биде држан во ропство или потчинетост: ропството и трговијата со робови во сите форми се забранети.
Член 5
Никој не смее да биде подложен на мачење или на свирепа, нечовечна или понижувачка постапка или казна.
Член 6
Секој има право секаде да биде признат како правен субјект пред законот.
Член 7
Сите се еднакви пред законот и имаат право, без каква било дискриминација, на еднаква заштита на законот.
На сите им припаѓа еднаква заштита од каква и да е дискриминација, што е во спротивност на оваа Декларација и од какво и да е поттикнување на таква дискриминација.
Член 8
Секој има право националните судови ефикасно да го заштитат од кршење наосновните права кои му се признати со уставот и законите.
Член 9
Никој не смее да биде произволно уапсен, притворен, ниту протеран.
Член 10
Секој има потполно еднакво право на праведно и јавно судење пред независен инепристрасен суд кој ќе одлучи за неговите права и обврски и за основаноста на секоекривично обвинение против него.
Член 11
1.Секој обвинет за кривично дело има право да се смета за невин се додека врз основана законот, вината не се докаже на јавен претрес на кој му се обезбедени сите гаранциипотребни за негова одбрана.
2.Никој не смее да се смета за виновен за кое и да е кривично дело поради дејство илипропуст кои не претставуваат кривичо дело по националното или меѓународното право вовремето кога се извршени. Исто така не смее да се изрече потешка казна од онаа која сеприменувала во времето кога е извршено кривичното дело.
Член 12
Никој не смее да биде изложен на произволно мешање во приватниот живот,семејството, станот или преписката, ниту на напади врз честа и угледот. Секој има право назаштита од законот против вакво мешање или напад.
Член 13
1.Секој има право на слобода на движење и избор на престојувалиште во границите наодделна држава
2.Секој има право да напушти која и да е земја, вклучувајки ја и својата, како и да севрати во својата земја.
Член 14
1.Секој прогонет има право да бара и да ужива азил во други земји.
2.На ова право никој не може да се повика во случај прогонот да е заснован врзкривично дело од неполитичка природа или постапка спротивна на целите и начелата наОбединетите нации.
Член 15
1.Секој има право на државјанство.
2.Никој не смее самоволно да биде лишен од своето државјанство ниту од правото даго промени државјанството.
Член 16
1.Полнолетните мажи и жени без какви било ограничувања во поглед на расата,државјанството или вероисповедта, имаат право да склучат брак и да засноваат семејство. Тиесе рамноправни при склучувањето на бракот за време на неговото траење и при неговиотразвод.
2.Бракот може да се заклучи со слободна и потполна согласност на лицата коистапуваат во брак
3.Семејството е природна и основна клетка на општеството и има право на заштита одопштеството и државата.
Член 17
1.Секој има право да поседува имот, сам, а и во заедница со други.
2.Никој не смее да биде произволно лишен од својот имот.
Член 18
Секој има право на слобода на мислата, совеста и вероисповедта; ова право ја вклучуваи слободата за промена на вероисповедта или убедувањето и слободата човекот сам или возаедница со другите, јавни или приватно да ја манифестира својата вера или убедување по патна настава, исповедување на верата и вршење обреди.
Член 19
Секој има право на слобода на мислење и изразување, што го опфаќа и правото да небиде вознемируван за своето мислење, како и правото да бара, прима и шири информации иидеи со било кои средства и без оглед на границите.
Член 20
1.Секој има право на слобода на мирно собирање и здружување.
2.Никој не може да биде принуден да припаѓа на некое здружение.
Член 21
1.Секој има право да учествува во управувањето со јавните работи на својата земја,непосредно или преку слободно избрани претставници.
2.Секој има право на рамноправна основа да стапува во јавна служба во својата земја.
3.Волјата на народот е основа на државната власт; оваа волја треба да се изразува наповремени и слободни избори кои ќе се спроведуваат со општо и еднакво право на глас, сотајно гласање или со соодветна постапка која ја обезбедува слободата на гласањето.
Член 22
Секој, како член на општеството, има право на социјално осигурување и право даостварува стопански, општествени и културни права нужни за своето достоинство и заслободен развој на својата личност, со помош на државата и меѓународната соработка, а восогласност со организацијата и средствата на секоја држава.
Член 23
1.Секој има право на работа, на слободен избор при вработување, на праведни изадоволителни услови за работа и на заштита од невработеност.
2.Секој, без разлика, има право на еднаква плата за еднаков труд.
3.Секој кој работи има право на праведна и задоволувачка надохнада која нему и нанеговото семејство му обезбедува егзистенција кој им одговара на човековото достоинство икоја, доколку биде потребно, ке биде надополнета со други средства од социјалната заштита.
4.Секој има право да образува и да стапува во синдикат за заштита на своите интереси.
Член 24
Секој има право на одмор и разонода, вклучувајки го и разумното ограничување наработното време и повремените платени одмори.
Член 25
1.Секој има право на животен стандард кој му обезбедува здравје и благосостојба, немуи на неговото семејство, вклучувајки ја исхраната, облеката, станот, и лекарската нега ипотребната социјална служба, како и правото на осигурување во случај на невработеност, болест, немоќ, вдовство, старост или други случаи на губење на средства за издржувањепоради околности независни од неговата волја.
2.Мајките и децата имаат право на посебна нега и помош. Сите деца родени во бракили надвор од него, уживаат еднаква социјална заштита.
Член 26
1.Секој има право на образование. Образованието треба да биде бесплатно, барем воосновните и нижите школи. Основното образование е задолжително. Техничкото и стручнотообразование треба да бидат достапни на сите подеднакво врз основа на нивната способност, апристапот кон високото образование ќе биде достапен за сите врз основа на заслуженитеоценки.
2.Образованието треба да биде насочено кон полн развој на човековата личност изацврстување на почитта за човековите права и основни слободи. Тоа треба да го унапредуваразбирањето, трпеливоста и пријателството меѓу сите народи, расни и верски групации, како идејноста на Обединетите Нации за одржување на мирот.
3.Родителите имаат првенствено право да го изберат видот на образованието за своите деца.
Член 27
1.Секој има право слободно да учествува во културниот живот на заедницата, да уживаво уметноста и да учествува во научниот напредок и во користа што од таму произлегува.
2.Секој има право на заштита на моралните и материјалните интереси коипроизлегуваат од секое научно, книжевно или уметничко дело чиј творец е тој.
Член 28
Секој има право на општествен и меѓународен поредок во кој правата и слободитеобјавени во оваа Декларација можат да бидат остварени во целост.
Член 29
1.Секој има обврски кон заедницата која единствено овозможува слободно и целосноразвивање на неговата личност.
2.Во вршењето на своите права и слободи секој може да биде подложен само на ониеограничувања кои се предвидени со закон со цел обезбедување нужно признание и почитувањена правата и слободите на други и со цел задоволување на праведни барања на моралот,јавниот поредок и општата благосостојба во демократското општество.
3.Овие права и слободи во никој случај не можат да се остваруваат спротивно нацелите и начелата на Обединетите Нации.
Член 30
Ниту една одредба од оваа Декларација не може да се толкува како право за која билодржава, група или лице да врши која било дејност или да врши каква било работа насочена конрушење на правата и слободите што се содржани во неа.