Секој ден поминат во еден од бегалските кампови во земјава е ден полн со неизвесност за бегалците. Да останат и да чекаат или да се вратат во Грција, со надеж дека од земја членка на Европската Унија полесно ќе стигнат до некоја од западноевропските земји е прашањето што ги мачи со месеци.
Нови бегалци не влегуваат во Македонија, но останува отворено прашањето дали на земјава може да и се случи нов бран на бегалци.