Визуелни истражувачки сценарија (VIS) претставува интернет платформа за визуелизација на податоци, која е наменета да им помогне на новинарите, активистите и на другите истражувачи, во мапирање на комплексни бизнис или криминални мрежи.
Целта е да им се овозможи на истражувачите полесно да ги разберат и објаснат корупцијата, организираниот криминал и другите малверзации. Оваа алатка овозможува комплексните нарации да се пресликаат во едноставен и универзален визуелен јазик.
Платформата обезбедува професионално дизајнирани, прилагодливи и динамични шаблони за визуелизација кои овозможуваат да се илустрираат лица, мрежи и сложени конфигурации на податоци. Визуализациите може да се употребуваат во онлајн, печатени или електронски медиуми.
Платформата е достапна на: www.vis.occrp.org