Македонија, заедно со Албанија, Црна Гора и Косово, спаѓа меѓу земјите во кои се применуваат селективни прекини на бременоста. Нилс Муижниекс, комесарот за човекови права на Советот на Европа деновиве реагираше на овој загрижувачки тренд, истакнувајќи дека селективните абортуси претставуваат дискриминација и треба да се забранат.
Овој проблем беше нотиран и во Велика Британија, каде истрагата на „Индепендент“ покажа дека нелегалните абортуси се масовно прифатени во некои етнички заедници, со цел да се осигура машки наследник во семејствата. Од таа причина, рамнотежниот сооднос 50:50 меѓу родените момчиња и девојчиња бил нарушен кај некои имигрантски групи, кај кои се забележува „исчезнување“ на 1.400 до 4.700 девојчиња од Националниот попис во Англија и Велс.
Извор: Дневник
Нова ТВ