Условите за престој во затворите во Македонија се катастрофални и тешко е во скоро време да се исполнат европските стандарди како примерот со Норвешка. Но, македонските затвори не се ниту како оние во Салвадор, во Руанда, или пак оние во Северна Кореја.
НАЈДОБРИТЕ И НАЈЛОШИТЕ КАЗНЕНИ УСТАНОВИ ВО СВЕТОТ
Во затворите во Македонија за година и половина енормно е зголемен бројот на притвореници, па затоа никој од нив не може да ги оствари своите минимални човекови права, изјави неодамна народниот правобранител Иџет Мемети. Тоа всушност не е ништо ново, со оглед на фактот дека бројката од година на година расте, а условите за престој се сѐ понечовечки.
- Во ќелиите предвидени за двајца се сместуваат по четворица или петмина. Замислете, како може една просторија да биде предвидена за двајца, а во неа да има четворица или петмина. Каков е тој воздух што го дишат, а каква е вентилацијата. Во просторија во која притворениците јадат и ги извршуваат физиолошките потреби во исто време. Нема доволно кревети, не се почитува правото на два часа прошетка, како и правото за средби со семејството - изјави Аница Томшиќ-Стојковска од канцеларијата на народниот правобранител во текот на работилницата „Улогата на судијата во остварувањето на правата на лицата лишени од слобода“.
За разлика од македонските, во светот постојат затвори во кои буквално владее луксуз.
Целата статија моќе да ја прочитате на веб-страницата на Нова Македонија