Во изминатите десетина години граѓанските движења направија огромни промени во општеството. Тие беа гласот на јавноста што одекнуваше низ улиците и на социјалните мрежи, во време кога многу тешко можеше да се слушнат барањата на граѓаните во медиумите. Почнуваа партизански, беа осамени во нивните битки и затоа многу полесно беа потиснувани од власта.