Ирена Лозана е мајка на Кан, момче во аутистичен спектар и атипичен развој. Истовремено, Ирена е и борец за правата на лицата со попреченост, јога и зумба инструкторка за деца со попреченост. Во интервјуто во продолжение, Ирена ни раскажува како таа и нејзиното семејство гледаат на попреченоста, за нејзиното напуштање на работното место и одлуката да се занимава со работа со деца со попреченост и како околината гледа на нејзиното дете.