Унапредување на видливоста и медиумската покриеност на темите поврзани со правата и предизвиците со кои се соочуваат лицата со попреченост ќе бидат главни цели на 16-те јавни кампањи кои што ќе се спроведат во текот на 2019 година ширум земјава.
16 граѓанските организации кои што ги застапуваат лицата со попреченост, ќе ги реализираат промотивните кампањи со поддршка од грант-програмата на проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“. Проектот го спроведува Институтот за медиуми и различности од Лондон, во партнерство со Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија, со финансиска поддршка од Европската Унија.
По потпишувањето на договорите за реализација на кампањите, претставници на Македонскиот институт за медиуми организираа информативна сесија за финансиско и административно работење, со цел да им овозможат на граѓанските организации ефикасно спроведување на активностите предвидени во нивните проекти.
Добитниците беа избрани во рамки на повикот за доделување на грантови во текот на септември минатата година, на кој што се пријавија вкупно 55 граѓански организации со предлог-кампањи за промовирање на правата на лицата со попреченост.
Кампањите за промовирање на правата на лицата со попреченост ќе ги спроведуваат следните граѓански организации:
1. |
Асоцијација за права на деца и младинци со посебни потреби „Ластовица“ – Прилеп |
2. |
Здружение за промоција и унапредување на културните вредности „Конфиденс“ - Скопје |
3. |
Здружение за едукативен развој „Еквалис“ - Скопје |
4. |
Здружение на граѓани за деца, млади, возрасни, родители и лица со посебни потреби „Еурека културен центар“ - Скопје |
5. |
Меѓуопштинско здружение на лица со телесен инвалидитет за општините: Кочани Виница Берово и Делчево „Мобилност“ Кочани |
6. |
Здружение „Мултиетничка организација за интернационални култури — Мозаик-М“ |
7. |
Здружение на граѓани „Натура МК“ |
8. |
Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ - Битола |
9. |
ЦПЛИП „Порака“ - Велес |
10. |
Здружението на граѓани „Поврзани“ |
11. |
Специјална Олимпијада Македонија |
12. |
Здружение за поддршка и заштита на децата и семејствата со ризик "За среќно детство" |
13. |
Здружение на слепи лица - Кичево |
14. |
Едукативен културен центар “НАНА” |
15. |
Здружение за Церебрална парализа од Тетово |
16. |
Здружение на слепите лица на Општина Велес |