„Верувам во внатрешниот глас и му дозволувам да ме води напред, мојата мисија е да бидам најдобрата верзија од себе и да им помогнам на луѓето околу себе - децата и лицата со попреченост не се само статистички податок, тие се личности со име и презиме и имаат право да ги уживаат загарантираните слободи и права“ вели студентот Филип Григоров од Свети Николе.
Во момент на целосна доминација на комуникациската технологија, глувонемите лица остануваат без елементарна комуникација, слепи пред ТВ – екраните од кои треба да ги добијат секојдневните неопходни информации. Од Националниот сојуз на глуви и наглуви за позитивен пример ги издвојуваат само емисијата „Светот на тишината“ што се емитува на МРТ како и толкувањето на вести на ТВ 24 Вести.
Тимот на Специјална олимпијада Македонија од Летните олимписки игри во Абу Даби се врати со освоени 9 медали во спортските дисциплини и едно второ место во танц. Ова е најголемиот успех што досега го постигнале македонските специјални олимпијци.
Арифи знае дека зградата на општина Тетово е непристапна за лицата со попреченост, а не бара решение
Пред влезот на зградата на Општина Тетово, Авни Хисмани го чека својот пријател Агрон да дојде и да му помогне да предаде документи во архивата. Авни со својата инвалидска количка не може да влезе во општинската зграда, бидејќи таа е непристапна за лицата со попреченост.