За Актив

Актив.мк е Интернет платформа посветена на зајакнување на соработката меѓу граѓанските организации од областа на човековите права и медиумите, со цел да се олесни меѓусебната размена на информации меѓу двата сектора и да се придонесе кон унапредување на човековите права и слободата на изразување.

Актив.мк е отворен за соработка со сите граѓански организации, медиуми и новинари кои третираат различни аспекти на човековите права и слободата на изразување. Актив на граѓанските организации им овозможува да ги подобрат своите вештини за комуникација со медиумите и на тој начин полесно да ги наметнат своите теми во јавноста, додека, пак, на медиумите им овозможува полесно да пронајдат теми од областа на човековите права и соодветна експертиза.

Актив.мк располага со:
- Алатки и ресурси за граѓанските организации и за медиумите, во насока на подобрување на меѓусебната комуникација и квалитетно третирање на темите поврзани со човековите права и слободата на изразување;
- Детален календар за планирање на настаните и прес-конференциите на граѓанските организации, со цел да се обезбеди поголема медиумска покриеност;
- Мулитимедијални истражувачки стории посветени на различни теми од областа на човековите права;
- Публикации, анализи, конкурси и кратки информации од областа на човековите права;
- Апликација за андроид телефони преку која може да се пријавуваат прекршувања на човековите права;
- Блог-профили на граѓанските организации кои ги содржат најбитните информации за самите организации, нивните активности и експертиза;
- Контакти на новинари и медиумски експерти кои се занимаваат со различни аспекти од човековите права.

Актив.мк е дел од проектот „Зајакнување на соработката меѓу граѓанските организации и медиумите за унапредување на човековите права и слободата на изразување“, што го спроведува Македонскиот институт за медиуми, со финансиска поддршка на Европската Унија, преку Европскиот инструментот за демократија и човекови права (ЕИДХР).