Руралната култура - прозорец на светлината

r.kultura2Еден проект со три театарски престави, три изложби и концерти ги размрдаа жителите на струмичките рурални општини Василево и Босилово кои имаа подзаборавено на културни настани.

Соговорниците во оваа видео сторија го нагласуваат континуитетот како важен елемент за опстојување на културата низ селските средини, кој сега недостасува. И професионалците и аматерите сведочат за важноста на културните случувања за кои публиката е гладна. Ако целта е да се изградат генерации кои ќе негуваат култура и уметност тогаш селата не смее да останат во изолација.

 

Видеото со превод на албански јазик е достапно ТУКА.